Најстрашниот трик за Ноќта на вештерките

Како би реагирале доколку еден ден додека опуштено шетате низ парк, зад вас ви се појави мрачното страшило кое ја симболизира смртта?

Жителите од Луисвил, Кентаки, САД неколку дена пред Ноќта на вештерките бегале преплашени до смрт од ова мрачно плашило.

Најстрашниот трик за Ноќта на вештерките

Тоа всушност е кукла-скелет, која се контролира со далечински управувач. Популарниот американски шегаџија Том Мејб неколку дена пред Ноќта на вештерките решил да се шегува со разни пешаци и рекреативци, прогонувајќи ги со кукла облечена како Ангелот на смртта во страшна, црна наметка. Премногу е смешно да се гледа очигледниот страв кај луѓето, на кои морничавиот вресок кои произлегува од плашилото, воопшто не им помага да сфатат дека станува збор за шега. МУА-ХА-ХА-ХА!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар