Најстарото и најскапото виски на светот

Најстарото и најскапото виски на светот

Пред повеќе од 105 години, ужасен пожар тотално ја уништил дестилеријата „Aisla T’Orten“ во Шкотските Гори, по само еден ден работење. Само едно мало буре успеало да ја преживее катастрофата и токму тоа е почетокот на приказната за најстарото виски на светот. Најголемиот дел од изминативе стотина години, вискито ги има поминато во градот Абердин, во визбата на Али Сисел, шкотски историчар. Во 2010 година, Сисел стапил во контакт со „Master of Malt“, независна компанија за флаширање алкохол, и го продал буренцето за непозната сума пари.
Најстарото и најскапото виски на светотНа 8 март 2011 година, 105 години старото виски (создадено било на 17 февруари 1906 година) конечно било флаширано од страна на компанијата. Откако биле истражени состојките, останале само уште 762 мл виски, од кои 12 мл биле дадени на дополнително испитување, 50 мл биле оставени за идните генерации, а 700 мл биле флаширани во само едно шише.
Најстарото и најскапото виски на светотСпоред директорот за продажба на компанијата, Бен Елефсен, цената од 870.000 фунти или 1,4 милиони американски долари, колку што е проценето единственото шише, го одразува само потеклото и духот на вискито. Трошоците за луксузно пакување веднаш биле изоставени. Тој исто така се надева дека купувачот вистински ќе ужива во вискито, не чувајќи го како украс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар