Најстариот жител на Европа ја открива тајната за долг живот

Најстариот европски граѓанин, Белгиецот Јан Гоосенартс го прослави својот 111 роденден. За дневниот весник „Gazet Van Antwerpen“ тој ја откри својата тајна за долг живот.Најстариот жител на Европа ја открива тајната за долг животПоранешниот земјоделец живее во регионот Антверпен кој се наоѓа во северниот дел на Белгија, а роден е на 30 октомври 1900 година. Тој за весникот не сакал да даде интервју, бидејќи за 110 роденден веќе кажал сè што имал. Тој е еден од малкуте членови на клубот на луѓе постари од 110 години. Нив ги има само 82 низ светот, а од нив дури 77 се жени.

Тајната за долг живот според него е раното легнување на спиење и внесување на повеќе од традиционалниот белгиски сируп Лиеж. Традиционалниот белгиски сируп е многу благ и е направен од крушки и кисели јаболка.

Јан е третиот најстар маж во светот, после Јапонецот Jiroemona Kimuere кој има 114 години и Jamesa Sisnetta од Барбадос кој има 111 години. Најстара жена на светот е американката Besse Cooper која има 115 години.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. odd Reply

    Golemo tase…Nekoj po 3 kutii cigari mava , pa zhivee podolgo od toj sho e apla strejt ..na koj kako mu se pogodilo drugarchinja…

  2. eye Reply

    Ne e najstar. Imalo nekoja baba vo Srbija- 117 god.

  3. ankica Reply

    so dedovo sme razlika tocno 99 godini
    on e 30 oktomvri 1900 a jas 1999 :))

Остави коментар