Најстарата храна откриена од археолозите

Најстарата храна откриена од археолозите

Храната на оваа листа е стара илјадници години, и навистина не би сакале да ја пробате. Археолозите постојано наоѓаат храна, без разлика дали е во гробница, на дното на морето во некој брод, или околу вратот на некоја мумија. Погледнете некои од најстарите примероци од храна и пијалаци.

1. Путер од мочуриште

(1)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mk

Еден ирски фармер од пред 3.000 години го сокрил својот путер во мочуриште и заборавил на него. Најстариот примерок на путер од мочуриште е од пред 5.000 години, а пронајдени се околу 300 вакви „специјалитети“. Путерот бил многу вреден, па луѓето го користеле и за плаќање даноци. Путерот во мочуриштето било исто како да ги сокриете парите под перница.

2. Супа од коски стара 2.400 години

IMG_2648

Некои од најдобрите примероци храна се пронајдени во гробници, каде што луѓето се погребани со работите што им се неопходни за следниот живот. Археолозите во Кина пронашле бронзен сад за готвење. Кога го отвориле во него се наоѓала супа стара 2.400 години. Поради оксидацијата, супата сега е зелена, но сè уште има коски и е течна.

3. Древно кинеско сирење од мумија

(3)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mk

Група археолози во Кина откриле околу 200 мумии кои се стари речиси 4.000 години. Мумиите сè уште ја имаат облеката со која биле погребани. Мумиите исто така носеле и закуска за во задгробниот живот – парчиња сирење кои биле врзани околу нивниот врат. Сувата и солена почва во пустината во која се пронајдени ги зачувала и мумиите и сирењето.

4. Најстарото вино

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

Најстарото неотворено шише вино има речиси 1.700 години. Пронајдено е во римска гробница во Германија. Најголемото прашање кое си го поставиле археолозите било како шишето го преживеало падот на Рим, издигнувањето на Светата римска империја и неколку поголеми војни без да се скрши. Комбинацијата од маслиново масло во шишето и цврстата изолација од восок ја зачувале содржината.

5. Изгорен леб стар 5.500 години

(5)najstarata-hrana-otkriena-od-arheolozite-kafepauza.mk

Првите фармери во Британија правеле леб и пред 5.500 години. И тие го загорувале. Археолозите ја пронашле оваа векна во една јама во близина на Оксфорд. Лебот или бил намерно фрлен или се користел за некој религиски ритуал. На почетокот мислеле дека станува збор за јаглен, но микроскопската анализа покажала дека станува збор за леб.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар