Најсреќните свињи на светот

Big Major Cay е мало ненаселено, но туристички многу популарно островче на Бахамите. Местото на островот наречено Exuma Banks side располага со две прекрасни плажи, а едната од нив е дом на популарните и атрактивни свињи кои умеат да пливаат. Да, да, добро прочитавте – свињи со пливачки способности!

Најсреќните свињи на светот

Никој не е точно сигурен како овие свињи завршиле токму на овој остров на сред море, но локалното население мисли дека тие биле тука оставени од морепловци кои проаѓале во областа, кои можеби ги имале понесено со себе за да ги изедат. Како и да е, морепловците никогаш не си ги земале назад овие свињи-среќници, па така наместо да завршат во нечија чинија како оброк, тие си го пронашле својот нов дом.

Најсреќните свињи на светотНајсреќните свињи на светот

Пронаоѓањето храна за преживување никогаш не претставувало проблем за овие среќни свинњчиња. Со текот на годините локалните пловци на јахти и бродови, оставале остатоци од храна и грицки на плажата, за да можат свињите да се најадат. Паметните животинки исто така дошле до заклучок дека морепловците редовно го исфрлаат вишокот храна во морето.

Најсреќните свињи на светот

Денес ова плажа претставува популарно туристичко место , па туристите без разлика дали го понеле со нив нивниот костим за капење или не, тие секогаш се сеќаваат да донесат храна за свињите. Гладните свињи лакомо се нуркаат во брановите секојпат кога ќе забележат јахта и пливаат стотина метри, сѐ со цел да добијат бесплатен оброк.

Најсреќните свињи на светотНајсреќните свињи на светот

Свињчињата се толку успешни и борбени за својот опстанок, што денес тие совршено си го живеат животот на тропски остров и имаат фамилии од по 8 дечиња. Нивниот живот се состои само од јадење, спиење и пливање. Човек да посака да стане свиња, само за да го искуси овој рајски живот!

Најсреќните свињи на светотНајсреќните свињи на светотНајсреќните свињи на светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. reni Reply

    jas posakav em svinja da stanam em svince vakvo slatko da si imam za milenice.

Остави коментар