Најсмртоносната градина во светот

Градината Алнвик се наоѓа покрај замокот Алнвик во Нортумберланд, Англија. Инспирирана од легендарните ботанички градини во Падуа, војвотка од Англија решила да ја создаде оваа необична градина која е составена од растенија кои се смртоносни и отровни.

Најсмртоносната градина во светот

Позади големата црна порта, на која пишува „Овие растенија можат да убијат“ се наоѓаат околу 100 легендарни убијци како „Atropa belladonna“ (смртоносната ноќна сенка), „Strychnos nux-vomica“ (стрихнин), „Conium maculatum“ (пелин), „Cannabis Sativa“ (канабис) и „Papaver Somniferum“ (опиум). Водачите ги објаснуваат нивните смртоносни карактеристики додека ги одржуваат турите низ градината и постојано ги предупредуваат посетителите да не ги допираат, ниту пак мирисаат растенијата бидејќи тие можат многу лесно да ги убијат.

Најсмртоносната градина во светот

Војвотката која стои позади оваа градина, до 1995 година била позната само како Џејн Перси, мајка на 4 деца. Но, сосема неочекувано нејзиниот сопруг по смртта на неговиот брат станал дванаесеттиот војвода на Нортумберланд. Заедно со новата позиција им следувал и замок за кој тие требале да се грижат. Војвотката веднаш започнала со разгледување на пространите градини и сосема случајно налетала на еден запуштен дел кој неколку пати бил опустошен за време на Втората Светска војна. Во 2005 година таа решила да го обнови на сосема нов и модерен начин.

Најсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светот

Бидејќи опасноста која доаѓа од отровните растенија е многу реална, некои од нив се во кафези и градината е под постојана заштита. Уште еден интересен факт е дека доколку подобро го погледнете замокот Алнвик, можеби ќе ви се види како многу познат – тој бил Хогвартс во првите два дела од филмовите „Хари Потер.“

Најсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светотНајсмртоносната градина во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар