Најсмешните и најплитки причини за раскинување

Најсмешните и најплитки причини за раскинување

Луѓето раскинуваат од различни причини, понекогаш поради сериозни и длабоки проблеми, но често и заради сосема мали ситници преку кои едниот од партнерите не можел да премине. Еден корисник на Редит побарал од корисниците да ги споделат најсмешните плитки причини поради кои некој прекинал врска. Одговорите се, во најмала рака… разновидни. 🙂

najsmeshnite-i-najplitki-prichini-za-raskinuvanje-kafepauza.mk

Таа ќе почекаше додека да го добие вниманието од келнерот и дури тогаш почнуваше да размислува што сака за пиење.

Имаше бемка на очниот капак. Секој пат кога ќе ја бакнев ја гледав додека се навалував накај неа. Почнав да сонувам кошмари дека бемката ми зборува.

Кога гледаше снимени ТВ серии, не ги премотуваше напред рекламите.

Секогаш кога зевав, таа мислеше дека е смешно да ми го пикне нејзиниот прст во мојата отворена уста.

Јадеше грашок зрно по зрно. Зрно по зрно!

Не веруваш дека човекот стапнал на Месечината.

Ја држеше виљушката со цела рака, како лопата. Таква личност не можеш да однесеш никаде.

Го погледнав, убаво го погледнав од далеку и сфатив дека неговата глава е едноставно мнооооогу голема во однос на неговото тело.

Кога зборуваше, устата ѝ се правеше во форма на трапезоид.

Одеше многу бавно. Ќе излезевме негде, ќе почневме да одиме по патот и кога ќе се свртев, таа беше 6 метри зад мене.

Не си ги соблекуваше гаќите за време на секс, никогаш!

Ги кажуваше наглас имињата на сите продавници покрај кои проаѓавме кога се возевме со кола.

Ја брцкаше лажичката во шеќерот веднаш штом ќе си го промешаше кафето, оставајќи грутки од кафе и шеќер.

Беше 4 дена пред мојот роденден. Ми кажа дека планира да ми купи подарок. Знаев дека не можам да ѝ раскинам барем 30 дена откако ќе ми го даде подарокот, а немав желба да се обврзам на уште 34.

Нејзиниот стан беше на 8 кат во зграда со скали.

Се движеше како Тирекс.

Ставаше ист дезодоранс како мајка ми.

Таа беше најгласниот јадач кој сум го сретнал. Постојано џвакаше со отворена уста и ги шлапкаше усните. Не дај Боже нешто многу да ѝ се погодеше, тогаш почнуваа и бескрајните „ммммм“ и „мњамммм“. Како да се забавував со Cookie Monster.

Ставаше сенф на нејзиниот помфрит така што прво го нанесуваше на рацете и потоа ги протриваше компирчињата со нив, а на крајот си ги лижеше дланките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар