Најсмешниот трик со молив за сите оние кои обожаваат да се смеат

Срце без омраза, ум без грижи и само еден обичен молив… И среќата е гарантирана! Што треба да направите? Додека го читате овој текст, во устата намесете молив така што усните ќе ви се развлечат во форма на насмевка.

Најсмешниот трик со молив за сите оние кои обожаваат да се смеат

Оваа употреба на мускулите за смеење поттикнуваат позитивни емоции, правејќи ве помалку исцрпени и посреќни. Немојте веднаш да се откажете и да си кажете дека ништо нема да се случи дури и да пробате, туку дозволете си барем 30-тина секунди со цел да сфатите дека ова е наједноставниот начин брзо да се расположите.

Според едно истражување кое било објавено во журналот „Positive Psychology“ се докажало дека со помош на овој едноставен трик оние кои имале задача свесно да се потрудат да бидат посреќни, биле многу успешни при постигнување на својата цел. Обидете се и споделете со нас дали успеавте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар