Најслаткото љубовно писмо од едно четиригодишно детенце

За да сфатите колку љубовта може да биде едноставна и убава треба да ја погледнете низ детски очи.

najslatkoto-ljubovno-pismo-od-edno-chetirigodishno-detence-kafepauza.mk

Бејли и Бенет имаат по 4 години и се заљубени еден во друг. Тие можат да ни држат лекции по романтика кога се во прашање изјавувањето љубов и љубовните пораки. Едно нивно писмо се рашири во јавноста и стопи многу срца.

Еве ја пораката:

„Ќе сакаш ли те молам да дојдеш кај мене дома? Ајде да си играме заедно. Мислам дека си убава како коњ или како бубамара. Не сум сигурен точно како што од тие две. Би требало да дојдеш кај мене дома и да јадеме сирење заедно. Јас те сакам и вчера ми падна заб. Мислам дека би сакал за тебе да изведам еден магичен трик, а потоа би те оставил да ме гледаш како си играм со роботите.“

Љубовната порака е објавена на Редит од страна на мајката на Бенет, но се рашири вирално благодарение на тоа што е една од најслатките работи кои можеме да ги видиме.

Мајка му на Бенет е среќна што нејзиниот син го добива сето ова внимание. Тоа е убава вест за него со оглед на тоа што поминува низ тежок период бидејќи се бори со рак, иако неговата мајка се надева дека следната посета на доктор ќе покаже дека се излечил и дека ќе може да го изведе магичниот трик за Бејли како што сака неговото срце.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар