Најслаткиот златен ретривер Реј

Златниот ретривер Реј Чарлс е преслатко кученце, кое е родено слепо во декември минатата година. Него го има згрижено едно семејство кое го чува со многу љубов.

Најслаткиот златен ретривер Реј

Откако неговите слики почнаа да кружат по интернет беше јасно дека тоа ќе биде најпопуларното кученце за оваа година. На неговата страница на Фесбук пишува:

 

„Јас можам да трчам, да си играм и да ги правам сите работи што ги прават и другите кучиња. Обожавам да ги усреќувам и засмејувам луѓето и да носам радост на сите околу мене“.

Најслаткиот златен ретривер Реј

Реј живее во куќа во Бостон, а е во друштво на два постари браќа ретривери Џек и Харли и сестричката Меги. Реј било единственото машко кученце од неговото легло. Кога сопственичката забележала дека тоа не си игра со останатите кученца, го однела на ветеринар каде што било утврдено дека не гледа. Се стравувало дека никој нема да сака да го вдоми, но семејството од Бостон го згрижило и го чува со многу љубов и внимание.

Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј Најслаткиот златен ретривер Реј

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар