Најскапиот воз во Индија

Во јануари 2010 година, низ индиските железници се појави „Maharajas’ Express“ – најскапиот воз во државата, а можеби и во цела Азија. Со него се овозможува едно волшебно осумдневно патување, преку кое се запознаваат убавините и најпознатите знаменитости низ огромната Индија.Најскапиот воз во ИндијаНајевтино што можете да поминете е да потрошите 6.400 американски долари за целиот пат, или 800 долари по вечер. Оваа цена се однесува за едно лице и со неа добивате Делукс кабина. Има уште два вида полуксузни кабини кои чинат 900 и 1.400 американски долари, а најскапата е претседателскиот апартман кој чини 2.500 долари. Во возот можат да се сместат 88 патника, а во цената спаѓа бесплатна храна и пијалак.Најскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаВозот има 24 вагони кои вклучуваат ресторани, бар, генератор, чувалиште за автомобили, спални и слично. Секој од нив е елегантно декориран, а собите за престојување имаат телевизори, дивиди плеери, телефони, интернет, сеф и сопствено греење. Во самиот воз има и продавница за сувенири, во која можат да се купат разни предмети, кои секогаш ќе ве потсетуваат на кралското искуство доживеано на ова патување.Најскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во ИндијаНајскапиот воз во Индија
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар