Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“

Мерцедес е симбол на квалитет во автомобилската индустрија повеќе од еден век, а повеќето нивни модели се запишани во историјата како икони. Еден од тие модели е „Mercedes Benz 540K“ кој се појавил на пазарот во 1937 година. Тој ќе биде продаден на аукција во август оваа година. За него се предвидува дека ќе биде најскапо продадениот Мерцедес преку аукција.
Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“Колата била направена да им служи само на неколкумина, бидејќи биле произведени само 406 автомобили за време на производствениот циклус од 1936 до 1939 година. Со текот на времето, повеќето од нив биле уништени, а овој примерок е еден од трите останати во светот. Ова чудо од автомобил има 8-цилиндричен мотор, 180 коњски сили, мануелен менувач со 4 брзини и суспензија на 4 тркала. Достигнува брзина до 100 километри на час за 16,4 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 170 километри на час. Шасијата на прв поглед изгледа многу тешко (2.594 килограми), но таа е дизајнирана никогаш да не попречи во брзината на автомобилот.
Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“Исто така, оваа кола имала и многу славни сопственици. Најпрво била транспортирана во Аргентина, за потоа да биде продавана во Германија, Австралија и во САД. Во 2007 година шефот на „Формула 1“, Берни Еклстоун купи ист ваков модел за 8,25 милиони американски долари. Оттука се верува дека овој модел ќе достигне уште поголема цена, а можеби и светски рекорд.Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“
——————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар