Најсекси плажи во светот

Најубавите плажи во светот доаѓаат во сите облици и големини, бои и видови, започнувајќи само од далечинскиот управувач, преку рајски места со палми и бел ситен песок, па сè до тренди места за социјализација и хедонистички центри за забава. Во потрага по песочни плажи кои ги поттикнуваат романтиката, страста и заводливиот дух, издвоивме кои се најсекси плажи во светот.

Плажата Зума во Малибу, Калифорнија

Калифорнија има една од најсекси плажите што се наоѓаат покрај брегот на Пацификот. Плажата Зума во Малибу е место каде што планините на Санта Моника речиси се спојуваат со океанот, каде може да пиете изладено Шардоне гледајќи ги делфините. Оваа плажа нуди долг песочен брег и одлично засолниште за славната клиентела. Во непосредна близина се наоѓаат куќите на Џенифер Лопез, Бред Пит и Анџелина Џоли. Плажата Зума е вистински избор за сите што ги сакаат песокот и ѕвездите.

Најсекси плажи во светот

Плажата Менли во Сиднеј, Австралија

Иако Австралија има голем избор на плажи, сепак најпопуларна е космополитската плажа Менли во Сиднеј. Како што кажува самото име, оваа плажа е рај за сурферите. Тука можете да седнете, да им се восхитувате на сонцето и брановите и да се предозирате со сладолед. Оваа плажа нуди релаксирачки одмор, мали заливи, предели со борови и целосно опуштена атмосфера.

Најсекси плажи во светот

Малдиви

Замислете си алеи од палми, приватни куќички покрај море, песок бел како креда и бесконечни базени со поглед кон рајот. Тоа се Малдивите, земја на корални острови на југозападниот брег од Индија, во Индискиот Океан. Малдивите нудат голем избор на хотели со пет ѕвездички и други луксузни сместувања, сончеви зраци во текот на целата година, прекрасни лагуни, па затоа се најчест избор кога станува збор за меден месец или некое друго романтично патување.

Најсекси плажи во светот

Туркс и Каикос

Туркс и Каикос се островски архипелаг јужно од Бахамите, составен од 40 острови од кои само неколку се населени. Плажите на овие острови, поради својата географска положба (затскриени се зад Карибите) се едни од ретките кои изобилуваат со чиста и недопрена природа. Една од најубавите плажи на Туркс и Каикос е заливот Грејс, со брег долг 12 милји покриен со песок бел како шеќер. Туркс и Каикос се дестинација за сите романтичари кои обожаваат вечера на свеќи.

Најсекси плажи во светот

Копакабана и Ипанема во Рио де Жанеиро, Бразил

За љубителите на жешки плажи и луди забави, сензационалните плажи Копакабана и Ипанема се вистински избор за нив. Овој рај во Јужна Америка ги има најпопуларните и најпровокативните брегови покрај Атлантикот, покриени со бел песок. Преку ден можете да уживате гледајќи ги бразилските убавици како шетаат по плажите, а навечер клубовите покрај шеталиштето нудат целовечерни забави.

Најсекси плажи во светотНајсекси плажи во светот

Свети Мартин

Еден од најсофистицираните острови на Карибите, Свети Мартин, се наоѓа источно од Порторико и претставува спој на европската култура, создавајќи фузија на историјата и чувство на хедонизам. Една од најзначајните области на островот е областа Гранд, поранешно рибарско село, а денес кулинарски епицентар на Свети Мартин, ако не и на Карибите воопшто. Гранд изобилува со крајбрежни гурмански бистроа кои се наоѓаат наспроти тиркизните води.

Најсекси плажи во светот

Северен Брег, Оаху, Хаваи

Вулканскиот тропски архипелаг на Хаваи е оддалечен илјадници километри од најблискиот континент и изобилува со осамени плажи. Плажите на Северниот брег на Оаху се познати по нивната природна убавина и брановите погодни за сурфање. Во текот на летото, брановите се речиси рамни и се добри за сурфери-почетници, но во октомври и март, брановите формирани од зимските бури, патуваат од Алјаска сè до Оаху и се одлични за професионалните сурфери.

Најсекси плажи во светот

Хаад Рин, Тајланд

Ако ве привлекува лудиот ноќен живот проследен со романтични средби, плажите на Тајландските острови се вистинскиот избор за вас. Секој месец, кога настапува полна месечина, 20.000 трагачи по луди забави доаѓаат на плажата Хаад Рин за да присуствуваат на целовечерната забава позната како „Полна месечина“. Патниците привлечени од танцовите кои се изведуваат со помош на оган, конзумираат евтино локално виски и одат од еден во друг клуб сè до изгрејсонце.

Најсекси плажи во светот

Црвената плажа во Санторини, Грција

Иако овој грчки остров има многу плажи, сепак најнеобична е Црвената плажа која има облик на млада Месечина. Заради посебните географски карактеристики и вулканската активност, брегот на оваа плажа е црвен и црн. Карпите создадени од лавата полни со железо, навлегуваат длабоко во Егејското Море. Во текот на летните месеци, Црвената плажа нуди луди вечерни журки во крајбрежните клубови.

Најсекси плажи во светот

Боракеј, Филипини

Плажата Боракеј е вистински трофеј за Филипините. Оддалечена 30 минути со авион од Манила, Боракеј не е многу долга плажа. Широка е помалку од еден километар и се смета за туристички центар, каде што луѓето доаѓаат за да се дружат и да ја апсорбираат културата на Филипините. Плажата Боракеј нуди бел песок ситен како прашина и чиста сина вода. Оваа плажа е вистинската дестинација за сите кои ги преферираат водните спортови.

Најсекси плажи во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. tine Reply

    sexy plazi???????…….sexy kamenja,sexy voda …….!!!!

Остави коментар