Најсексапилната професија за оваа година

Времињата се менуваат, па оние професии кои порано се сметале за секси, во денешно време се истиснати подолу на листата. Кон првото место на листата не се ни блиску режисерите, холивудските ѕвезди и пожарникарите.Најсексапилната професија за оваа годинаОд оваа година најсексапилни се компјутерските инженери. Вработувањата во големи компании ги прави овие луѓе многу привлечни за спротивниот пол. Секако сите професии кои носат солидни пари, слава и престиж се привлечни. Компјутерските инженери во големите и познати компании можат да заработуваат и по 650.000 долари годишно, а во оваа сума не се пресметани и бонусите.

И на нашите простори компјутерските инженери, особено оние кои веќе имаат добиено признание од своите колеги како успешни, заработуваат добри суми на месечно ниво во поголемите фирми. Сепак во оваа професија искуството си го прави своето, па нивото на знаење е од особена важност за напредок во кариерата и во месечните примања.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Jana Reply

    Станува збор за најсексипилни или најплатени професии? Не мешајте.

  2. M Reply

    Pa seksi e da bides platen.

    Makedonska rabota…

Остави коментар