Најромантичното место во Париз

Париз е познат како градот на светлината, но и како градот на виното и љубовта. Над реката Сена се наоѓа мостот „Ponts des Arts“ кој се смета за најромантичното место во градот, каде што на оградата се ставаат катанци кои ја симболизираат вечната љубов.

Најромантичното место во Париз

Со текот на годините мостот станал преплавен од катанци оставени од вљубени парови од целиот свет. На катанците се пишуваат имињата или порака која за парот има посебно значење. Традиција е откако ќе го заклучите катанецот на оградата, клучевите да ги фрлите во реката.

Најромантичното место во ПаризНајромантичното место во Париз

Пешачкиот мост е изграден во 1804 година и има девет лакови. Покрај тоа што секојдневно го посетуваат парови од целиот свет, ова место е и збиралиште на уметниците, поради преубавиот поглед кон градот. Доколку наскоро планирате да го посетите главниот град на Франција, ова место морате да го видите.

Најромантичното место во ПаризНајромантичното место во Париз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Goonerno1 Reply

    Пред неколку недели заклучивме катанец со девојками :)
    https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-frc3/318247_4910871404567_1089267617_n.jpg

Остави коментар