Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

Ова е приказна за постара жена која на секој Свети Валентин добива специјален букет цвеќиња од нејзиниот сопруг, и истата е доказ дека вистинската љубов е вечна и бесмртна. Со сигурност ќе ви го стопли срцето и солзи ќе ви навират во очите…

Најромантичната приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

Со мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми ги праќаше најубавите цвеќиња, во кои имаше картичка со едноставна порака сочинета од пет зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и вечна љубов, се неговото наследство за мене, откако тој почина пред две години. На првиот Свети Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив прекрасен букет адресиран до мене… од Џон. Лута и со скршено срце, му се јавив на цвеќарот да му кажам дека е настаната грешка. Цвеќарот ми одговори: „Не госпоѓо, не е грешка“. Пред да почине, вашиот маж се подготви за многу наредни години и побара од нас да му гарантираме дека Вие ќе продолжите да ги добивате вашите букети на секој Свети Валентин. Тотално трогната, ја спуштив слушалката и ја земав прикачената картичка во букетот. На неа пишуваше „Мојата љубов кон тебе е вечна“.

Приказната е пронајдена како исечок од некое списание, а под неа е потпишана 68-годишната Сју Џонстон, од Хјустон, Тексас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ane Reply

    ps i love you neso 😀

  2. marta Reply

    wow najubava ljubovna prikazna!

  3. лакримоса Reply

    Трогателно ама не баш дека ме расплака..

  4. Гина Reply

    не ме расплака

  5. Ема Reply

    Да да, леееле колку солзи ми навираат во очиве, еве веќе два дена не можам да престанам да липам.

Напиши одговор на лакримоса Откажи одговор