Откријте го вашиот карактер: Најпрецизниот психолошки тест со само 4 прашања

Овој тест бил креиран за време на Втората светска војна со цел да им помогне на жените да се вработат и да ги заменат мажите кои заминале да се борат. По одговарање на неколку прашања, тие добивале краток извештај според кој дознавале на кое работно место би биле најефективни. Некои компании го користат овој тест кога одбираат нови кандидати. Оваа верзија е скратена и има само 4 прашања со по 2 опции за одговор. Одберете еден од одговорите на секое прашање и запишете ја буквата која е до него. На крај, пронајдете ја вашата комбинација од букви за да дознаете нешто повеќе за вашиот карактер.

1. Истоштени сте бидејќи вашата недела била долга и далеку од добра. Како ќе го поминете викендот?

(1)najkratkiot-test-za-vashiot-karakter-so-samo-4-prashanja-kafepauza.mk

(Е) Ќе им се јавам на пријателите и ќе ги прашам за нивните планови. Слушнав дека има нов ресторан/добар филм во кино. Треба да излеземе заедно.

(I) Ќе го исклучам телефонот и ќе останам дома. Ќе изгледам некоја епизода од омилената ТВ серија, ќе решам некоја загатка и ќе си направам топла бања.

2. Кој од овие описи е подобар за вас?

(2)najkratkiot-test-za-vashiot-karakter-so-samo-4-prashanja-kafepauza.mk

(S) Најважното нешто за мене е она што се случува сега и овде. Им се посветувам на реалните ситуации и обрнувам внимание на детали.

(N) Фактите се здодевни. Сакам да мечтаам и да си ги замислувам идните настани. Повеќе се потпирам на интуиција отколку на информација.

3. Конкуренцијата на вашиот шеф се обидува да ве придобие. Вие се сомневате бидејќи платата таму е многу повисока, но овде е подобра работната средина. Покрај тоа, шефот на вашиот оддел ви спомнал дека ќе ве препорача за унапредување кога ќе се пензионира. Што ќе одлучите?

(3)najkratkiot-test-za-vashiot-karakter-so-samo-4-prashanja-kafepauza.mk

(T) Ќе ги научам сите вредни информации за конкуренцијата, ќе побарам совет и ќе направам табела со придобивки и недостатоци. Во овие случаи важно е да се разгледаат сите опции, а одлуката да се донесе со смирен ум.

(F) Ќе ги слушам моите чувства. Секогаш се обидувам да го следам срцето.

4. Има уште само 2 недели до свадбата на вашите блиски пријатели. Како се одвиваат подготовките?

(4)najkratkiot-test-za-vashiot-karakter-so-samo-4-prashanja-kafepauza.mk

(J) Пред еден месец го одбрав бендот кој ќе ги свири песните што ги пеевме во училиште, направив албум од љубовната приказна на младоженците, напишав поема… Сакам да бидам навистина подготвен/а.

(P) Зошто да се подготвувам? Ќе се забавувам и ќе уживам на прославата. Ќе импровизирам за мојот говор. Најдобрите работи се случуваат спонтано.

Пронајдете ја вашата комбинација на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар