Најпознатите мисли на Мишел Обама

Најпознатите мисли на Мишел Обама

Мишел Обама не беше една од оние први дами кои скромно го следат својот сопруг и претседател на САД на службените вечери и патувања. Наместо таквата улога, таа ја избрала онаа во кој ќе се вклучи во разни компании за подигнување на свеста, како оние за истакнување на важноста на здравата исхрана и образованието на девојчињата, а посебно внимание посветила на оние за охрабрување на жените. По тој повод, ги издвојуваме нејзините 10 најпознати реченици кои нема да ја изгубат својата вредност уште многу долго време.

1-10-najpoznati-rechenici-od-mishel-obama-koi-kje-vredat-zasekogash-www.kafepauza.mk_

„Успехот не се мери со парите, туку со промената која ќе ја започнете во животот на луѓето.“

„Без разлика колку се болни дупките во срцето што сите ние ги имаме, тоа е она што нè поврзува.“

„Секоја мајка работи напорно и секоја жена заслужува почитување.“

„Нема магија во остварувањето на целта. Сè се сведува на тешката работа, вистинските избори и упорноста.“

„Бидете верни на себе и не дозволувајте ничии зборови да ве оддалечат од вашата цел.“

„Нема граница за тоа што ние како жени можеме да постигнеме.“

„Без разлика на тоа која си и од каде доаѓаш – прекрасна си!“

„Да бидете паметни е најдобрата работа на светот.“

„Изберете луѓе кои ве подигаат.“

„Кога девојчињата се образуваат, земјата станува посилна и поперспективна.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар