Најпознатите цитати од Вуди Ален

Најпознатите цитати од Вуди Ален

Мултитаскинг оскаровецот Вуди Ален, покрај по ексцентричните филмови, познат е и по неговите забавни коментари со специфична доза хумор. Прочитајте дел од нив:

Најпознатите цитати од Вуди Ален

 

„Јас не се плашам да умрам, само не сакам да бидам таму кога тоа ќе се случи.“

„Животот е како концентрационен логор. Не можете да го напуштите додека не умрете.“

„Што ако сè е илузија и ништо не постои?! Во тој случај, јас дефинитивно прескапо го платив овој тепих.“

„Ако сакаш да го насмееш Господ, кажи му ги своите планови.“

„Верувам дека постои нешто што сите нè набљудува. За жал, тоа е нашата влада.“

„Имам многу лоши рефлекси. Еднаш ме прегази автомобил што го туркаа две момчиња.“

„Многу сум горд на мојот златен часовник. Дедо ми ми го продаде кога беше на смртна постела.“

„Моето образование беше тажно. Одев во училишта за емоционално пореметени наставници.“

„За вас сум атеист. За Господ сум лојална опозиција.“

„Ако постои Бог, се надевам дека има добар изговор за тоа.“

„Парите се подобри од сиромаштијата, од финансиски причини.“

„Кога ме киднапираа, моите родители веднаш се фрлија во акција. Ја изнајмија мојата соба.“

„Бисексуалноста автоматски ви ги удвојува шансите за состанок во сабота навечер.“

„Љубовта е одговорот, но додека го чекате одговорот, сексот може да ви поттикне многу интересни прашања.“

„Единствената работа за која жалам во животот е тоа што не сум некој друг.“

„94,5 отсто од сите статистики се измислени.“

„Постојат два вида луѓе на светот, добри и лоши. Добрите подобро спијат навечер, но се чини дека лошите повеќе уживаат во часовите кога се будни.“

„Сексот е како партија бриџ. Ако немате добар партнер, подобро да имате добра рака.“

„Во суштина, мојата сопруга беше многу незрела. Кога лежев дома во кадата, доаѓаше и ми ги потонуваше сите мои бродови.“

„Умирањето е едно од ретките нешта што може да се направи лежејќи.“

„Благодарен сум му на смеењето, освен во случаите кога млекото ми излегува од носот.“

„Сексот без љубов е бесмислено, но проклето добро искуство.“

„Јас сум шеф во мојата куќа, жена ми само ги носи одлуките.“

„Не можам премногу да го слушам Вагнер, бидејќи добивам желба да ја покорам Полска.“

„Сакам да ви раскажам страшна приказна за оралната контрацепција. Прашав една девојка дали ќе спие со мене и ми рече НЕ.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар