Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

По повод 50-годишнината од појавувањето на серијалот филмови за Џејмс Бонд, ова се најпопуларните автомобили на тајниот агент 007, препознатливи по својата брзина и неверојатните додатоци. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Бентли Марк 4 во филмот „Од Русија со љубов“ (1963)

Автомобилот Бентли Марк 4 е исто толку легендарен колку и Астон Мартин ДБ 5; тој се појавува во многу романи на Флеминг. Но, за жал, овој автомобил е фиктивен исто како и неговиот сопственик, Џејмс Бонд. Ваков модел на Бентли всушност никогаш не е произведен. Возилото во филмот „Од Русија со љубов“ е кабриолет со кој Шон Конери ќе ја заведе Силвија Тренч. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Астон Мартин ДБ 5 во филмот „Голдфингер“ (1964)

Еден од најпознатите автомобили на тајниот агент 007, без сомнение е Астон Мартин ДБ 5. Овој уникатен автомобил веднаш стана заштитен знак на серијалот филмови за Џејмс Бонд. Дизајнот на Астон Мартин ДБ 5 вклучува автоматски пушки, стакла отпорни на куршуми, ротирачки регистарски таблички и фамозното седиште за исфрлување. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Тојота 2000 ГТ во филмот „Само двапати се живее“ (1967)

Кон крајот на 60-тите години, многумина сметаа дека Тојота 2000 ГТ е само уште еден футуристички автомобил. Но, се покажа дека не е така. Тојота произведе 350 возила од овој модел и секој од овие автомобили поседуваше напредни инженерски техники, тркалезни сопирачки на секое тркало, 6-цилиндричен мотор, видео монитор, безжичен телефон и стерео систем со гласовна контрола – додатоци кои во тоа време не биле стандардни. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Форд Мустанг Мак 1 во филмот „Дијамантите се вечни“ (1971)

Откако веќе ги покори злобните организатори, Советскиот Сојуз и заводничките, беше само прашање на време кога Џејмс Бонд ќе го освои и американскиот Форд Мустанг. Во една од многуте спектакуларни акробатски сцени, Џејмс Бонд (Шон Конери) го вози Мустангот во една тесна уличка само на две тркала. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

АМЦ Матадор Купе во филмот „Човекот со златен пиштол“ (1974)

Најдобриот автомобилски трик во серијалот филмови за Џејмс Бонд е дефинитивно автомобилот кој се претвора во авион. Франциско Скарамана и Ник Нек го користат овој автомобил за да ја киднапираат Мери Гуднајт и за да го реализираат планираното бегство. Трансформацијата се случува кога крилјата, опашката и пропелерот биле прикачени на вистинскиот автомобил кој, пак, ја имал функцијата на трупот на авионот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Лотус Есприт во филмот „Шпионот кој ме сакаше“ (1977)

Уште една сензационална трансформација на автомобилот на Џејмс Бонд беше претставена во филмот „Шпионот кој ме сакаше“. Во моментот кога Бонд (Роџер Мур) излета во Средоземното Море, неговиот автомобил веднаш се претвори во вистинска подморница вооружена со проектили земја–воздух и торпеда. Лотус Есприт беше толку популарен што си обезбеди место и во следниот филм „Само за твоите очи“. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Цитроен 2 ЦВ во филмот „Само за твоите очи“ (1981)

Неверојатно е како автомобилот на Џејмс Бонд, Цитроен 2 ЦВ, за време на една потера помина низ два автомобила Пежо 504. Тоа што го прави овој автомобил посебен е фактот дека секој дел од оригиналниот Цитроен бил заменет со елементи со високи перформанси, инаку веројатно брзо би се распаднал. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Рускиот тенк Т – 55 во филмот „Златно око“ (1995)

Иако официјалниот автомобил на Џејмс Бонд во филмот „Златно око“ е БМВ, рускиот тенк Т-55 со својата тежина од 40 тони, вооружен со 100-милиметарски топ, две автоматски пушки и мотор со 580 коњски сили, го надминува БМВ-то. Со помош на овој тенк, Бонд (Пирс Броснан) поминува преку автомобили, низ згради и пука во воз на патот. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

БМВ 750 ИЛ во филмот „Утрото никогаш не умира“ (1997)

Иако во споредба со другите автомобили на Џејмс Бонд, БМВ 750 ИЛ е помалку спортски, но не и помалку спектакуларен автомобил. Тој е опремен со неколку предвидливи подобрувања, како ракетни лансери, засилени гуми и секачи на жици. Едно од позначајните подобрувања беше можноста агентот да управува со возилото користејќи го мобилниот телефон. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Астон Мартин В 12 во филмот „Умри друг ден“ (2002)

Кон крајот на 1990-тите години БМВ беше заштитен знак на Џејмс Бонд сè до 2002 година, кога во филмот „Умри друг ден“ тајниот агент му се врати на британскиот производител Астон Мартин. Моделот Астон Мартин В 12 беше опремен со веќе познатата опрема (седиште за исфрлање, ракетни лансери, митралези, зашилени гуми за возење по мраз, како и со уред кој го прави автомобилот невидлив). Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд

Астон Мартин ДБС во филмот „Казино Ројал“ (2006)

Почетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик. Во однос на опремата, Астон Мартин ДБС е скромен, поседувајќи само полуавтоматски пиштол со придушувач, медицински комплет и компјутерски линк до МИ6. Најпознатите автомобили на Џејмс Бонд


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар