Најпопуларните канали на Јутјуб

Кога би се запрашале чии се најпопуларните канали на Јутјуб, веројатно веднаш би помислиле дека сигурно се оние зад кои стојат светските медиумски гиганти. Втората претпоставка е овие канали да имаат објавено многу видеа. Настрана од очекувањата, каналите на кои се претплаќаат најголем број корисници можат да имаат и по помалку од 100 видеа на своите профили, а дефинитивно истите не им припаѓаат на медиумите.

Еве ги најпретплатените канали на Јутјуб со најмногу гледани видеа. Она што ќе го најдете на нив е со сигурност производ на индивидуален потфат и големи идеи.
.

1. Nigahiga

  • Број на претплатници: 2.837.305
  • Број на гледања: 449.959.151
  • Категорија: Комедија

Најпопуларните канали на ЈутјубРајан Хига е јапонски американец кој најчесто прави видеа во соло изведба, понекогаш придружен и од неговите пријатели. Неговите видеа претставуваат кратки дела за сè и сешто, од фарси и сатири за популарната култура до филмски пародии.
.

2. RayWilliamJohnson

  • Број на претплатници: 2.233.445
  • Број на гледања: 527.480.860
  • Категорија: Комедија

Најпопуларните канали на ЈутјубАко сакате да си дозволите да „фатите“ вирални видеа, тогаш оние на Реј Вилијам Џонсон се вистинските кои треба да ве „заразат“. Шоуто кое го приредува Џонсон се вика „=3“ (е еднакво на 3), а големиот број негови фанови се доказ за неговата смисла за хумор која е малку подопадлива од онаа на Хига.
.

3. ShaneDawsonTV

  • Број на претплатници: 2.068.642
  • Број на гледања: 413.600.416
  • Категорија: Комедија

Најпопуларните канали на ЈутјубШејн Досон и пријателите имаат зачудувачки популарна емисија која се емитува само еднаш неделно. На располагање имате 140 видеа кои или ќе ве насмеат или ќе ве остават рамнодушни. Во шоуто учествуваат неколку главни ликови, често придружени со карикатури од популарните икони како Парис Хилтон. Повеќето видеа се за тинејџери, но не за возрасна група под таа.
.

4. Fred Figglehorn

  • Број на претплатници: 2.039.457
  • Број на гледања: 619.476.918
  • Категорија: Забава

Најпопуларните канали на ЈутјубШестгодишник со пореметен дом и мајка на рехабилитација… Тоа е Фред кој го игра американскиот актер Лукас Круикшенк. Карактерот има проблеми со бесот кој го истура врз другите луѓе во животот. Серијата претставува пародија на животот виден низ очите на едно шестгодишно момче. Во видеата ќе чуете и добра музика.
.

5. Smosh

  • Број на претплатници: 1.940.080
  • Број на гледања: 481.215.792
  • Категорија: Забава

Најпопуларните канали на Јутјуб142 кратки видеа со блага пародија во кои главната улога ја имаат двајца момци, за едниот секогаш резервирана улогата на смотано момче. Популацијата која го следи овој канал е претежно сочинета од тинејџери.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Филип Reply

    За да се сфатат овие личности од погоре, треба да се има посебен смисол за хумор…

    Еве го 6тиот на листата, кој е сфатлив за сите:

    6. MysteryGuitarMan
    Претплатници: 1,537,881
    Прегледи: 180,546,967
    http://www.youtube.com/user/MysteryGuitarMan

  2. Ангела Reply

    Најдобри се Shane Dawson и Ray William Johnson!!! ^_^

  3. Datenshi Reply

    Niga Higa i RWJ FTW!

  4. nina Reply

    omg shane!

  5. Anomis Reply

    od ovie samo ryan higa go gleam t.e.nigahiga a dr se tapa

  6. 050505 Reply

    NigaHiga THE BEST! RWJ porano bese super sea ne mi se svigja tolku.. Shane Dawnson ic ne go sakam.. a ovoj posledniov ic pa ne go znam 😀

Остави коментар