Најпаметните добитници на лотарија

За многу луѓе добивањето лотарија е исполнување на сите желби. Но, за многу победници среќата завршува со самото добивање. Всушност, околу 70% од добитниците на лотарија ги губат сите пари за само неколку години. Сепак, постојат и оние 30% кои успеале да ја искористат оваа среќа во нивна корист. Во продолжение погледнете кои се 10-те најпаметни добитници на лотарија.

1. Јенси Хикс

Најпаметните добитници на лотарија

Можеби работењето во Мекдоналдс не е работа од соништата, но што ако имате своја франшиза? Токму тоа направил Јенси со добивката од речиси 1 милион евра во 2008-ма година. Но тој сакал да направи нешто поразлично од обичните хамбургери, па почнал да прави сендвичи по негов вкус. Ја купил франшизата Сабвеј која ја поседува и денес. Друга паметна инвестиција која ја направил е купување на дом и отплаќање на колеџот на ќерка му.

2. Џејсон Фрај

Најпаметните добитници на лотарија

Некои добитници не почнуваат со паметна инвестиција, а ова му се случило на Џејсон кој освоил речиси 13 милиони евра во 2007-ма година. Прво со парите си купил автомобил Cadillac Escalade, а голем дел потрошил и на неговите пријатели. Сепак, по некое време одлучил да ги инвестира во терени за голф кои сега му носат и до 300.000 евра годишно. Но голф индустријата не е единствената инвестиција на Џејсон. Тој инвестирал и во други бизниси кои годишно му носат околу 1 милион евра.

3. Ема Вилдин

Најпаметните добитници на лотарија

Со години оваа мајка од Велика Британија играла лото. Купувала ливчиња во локалната продавница и понекогаш добивала 100-тина евра. Но нејзината среќа се насмевнала кога во 2013 година освоила 1 милион евра. Ема и нејзиниот сопруг кој е финансиски советник решиле да ги инвестираат парите во станови за изнајмување.

„Купивме 2 имота за изнајмување од кои сега имам приход.“

Благодарение на ова, таа сега може да седи дома и да ги одгледува нејзините 2 деца.

4. Рој Гибни

Најпаметните добитници на лотарија

Во 1998-ма година, ковачот Рој Гибни освоил околу 7.500.000 евра и веднаш почнал да ги троши. Купил 14 куќи кои ги исполнил со скапи работи, а во една дури направил и базен на чие дно се наоѓале добитните броеви. 14 години не работел и живеел од добивката, но по некое време му станало здодевно.

„Кога победив уживав во целиот луксуз, но ми стана здодевно.“

Па тој се вратил на она што го работел и започнал свој бизнис кој не само што му носи приход, туку и го прави среќен.

5. Марк Бруденел

Најпаметните добитници на лотарија

Во 1997-ма година, 40-годишниот возач на танкер, Марк Бруденел добил речиси 1 милион евра. Но според него, парите не му го промениле животот премногу. Тој дал отказ и со неговата сопруга и синовите се преселиле во нов апартман. По неколку години во „пензија“, на Марк му станало здодевно, па сега е сопственик на компанија за врати и прозорци.

Продолжува на следната страница


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар