Најопасните железнички линии

Дали би се осмелиле да патувате по најстрашните железнички пруги во светот?

Tren a las Nubes, Аргентина

Завршена во 1932 година во аргентинскиот град Салта, железничката пруга Tren a las Nubes или „Воз во облаците“ е една од најголемите пруги во Јужна Америка. Долга е околу 435 километри и потребни се 16 часа за да се помине целата пруга. Првичната цел на оваа линија била подобрување на економијата, а денес функционира единствено за туристи. Линијата минува низ полиња со тутун, низини, 29 мостови и 21 тунел пред да се искачи по вијадуктот Ла Полворила, на висина од 4.200 метри. Најопасните железнички линии

Белиот премин и рутата Јукон, Канада и САД

Оваа железничка пруга долга околу 177 километри ги поврзува пристаништето Скагвеј во Алјаска, денес популарна станица за бродови и Вајтхорс, главниот град на канадската територија Јукон. Тесната железничка пруга била завршена во 1900 година, кон крајот на популарната Златна треска. Линијата минува низ многубројни стрмнини, десетици мостови и карпести свиоци, сите проследени со огромни глечери, планини и водопади. Најопасните железнички линии

Nariz del Diablo, Еквадор

Железничката линија Nariz del Diablo или „Носот на ѓаволот“ поминува покрај еквадорскиот град Алауси, во близина на градот Риобамба кој се наоѓа на Андите, спуштајќи се 80 километри јужно, кон градот Палмира. Возот по оваа линија се движи бавно за патниците да може да уживаат во глетката на Еквадор, позната како „Авенија на вулканите“. До пред извесно време на патниците им беше дозволено да седат на покривот од возот за повеќе да уживаат во пејзажите покрај кои минува линијата. Ова задоволство беше укинато заради стрмнините по кои се искачува возот. Најопасните железнички линии

Железницата во Џорџтаун, САД

Иако е долга само 7 километри, железницата во Џорџтаун повеќе од еден век е главна туристичка атракција. Возот ги зема патниците од Џорџтаун, Колорадо и ги носи во соседниот град Силвер Плум, искачувајќи се повеќе од 6.000 метри и минувајќи низ спектакуларен планински терен. Оваа железница работи само во периодот од април до декември. Најопасните железнички линии

Железница на смртта, Тајланд

Повеќе од 90.000 работници и 16.000 воени затвореници загинале за време на изградбата на железничката пруга долга 415 километри, која ги поврзува Бангког во Тајланд и Мјанмар во Бурма. Возењето по оваа железничка линија денес е популарно за посетителите на градот Канчанабури, кој се наоѓа северозападно од тајландската престолнина. Линијата минува покрај големи карпи и преку голем број дрвени мостови. Најопасните железнички линии

Мостот Памбан, Индија

Градот Рамешварам на островот Памбан е поврзан со индиското копно преку мост долг околу 2,5 километри, кој истовремено претставува и железничка линија. Оваа линија е посебно популарна кај верниците затоа што и самиот град Рамешварам е едно од попопуларните места за аџилак. Најопасните железнички линии

Бамбусовата железница, Камбоџа

Во обид да се справат со земјата која е позната по несигурната и примитивна железничка мрежа, жителите на Камбоџа ги презеле работите во свои раце и создале сопствен сервис, користејќи „возови“ направени од бамбус. Овие возови може да достигнат брзина и до 40 километри на час, генерирајќи енергија од мали мотори и може да носат до 10 патници. Проблемот се јавува кога два воза поминуваат по иста пруга. Во тој случај, бидејќи има само една линија, возот со помало оптоварување, се трга од пругата и се враќа откако другиот воз ќе помине. Најопасните железнички линии

Железницата Курунда, Австралија

Завршена во 1891 година, железницата Курунда ги поврзува градовите Кернс и Курунда во Квинсленд, Австралија. За да стигнете од едниот во другиот град, потребни се 1 час и 45 минути возење по оваа железничка линија, која минува низ Националниот парк и покрај многубројни водопади, тропски шуми и 15 тунели. Најопасните железнички линии

Планинските железници, Индија

Железниците Дарџилинг, Калка – Шимла и Кангра биле изградени уште во времето кога територијата на Индија била британска колонија. Денес овие железници сè уште функционираат и секоја од нив поминува низ подножјето на Хималаите, без да го уништат пејзажот. Кога биле изградени, овие железници се сметале за чудо на инженерството, а денес возовите кои сообраќаат по овие линии се неудобни, бавни и преполни со патници. Најопасните железнички линии

Outeniqua Choo Tjoe, Јужна Африка

Изградена во 1928 година, оваа железничка линија ги поврзува градовите Џорџ и Нисна во провинцијата Западен Кејп, во Јужноафриканската Република. Долга околу 68 километри, патувањето по оваа линија трае два часа и нуди неверојатна глетка на крајбрежјето на лагуната во Нисна. За жал, оваа линија е укината од минатата година. Најопасните железнички линии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар