Најопасните градови во светот

Најопасните градови во светот

Патувањето низ светот е одличен начин за поминување на вашиот одмор, но не сите градови се шармантни како оние во брошурите. И покрај тоа што секој голем град има свои проблеми, некои се полоши од други. Според едно истражување, наредниве 10 градови се најопасните во светот, па можеби би било мудро доколку ги избегнувате. И покрај тоа што станува збор за многу убави места, овие градови преставуваат преголема опасност за еден просечен турист. Многу е полесно да посетите место каде што нема големи шанси да налетате на залутан куршум, се согласувате?

1. Сан Педро Сула, Хондурас

Најопасните градови во светот

Веќе втора година по ред, овој град го држи рекордот за највисок процент на убиства. Тој е на првото место од листата на најопасните градови со неверојатни намерни 169 убиства на секои 100.000 жители, што во просек излегува по 3 убиства на ден во текот на целата година.

2. Акапулко, Мексико

Најопасните градови во светот

Акапулко порано било популарна туристичка дестинација, но денес, на прекрасните плажи можат да се видат само мал број туристи. Картелите со дрога се огромен проблем во Мексико, кој постојано расте. Големиот број мртви тела покрај пристаништето се секојдневна глетка во овој град, правејќи ја областа тешка и неподнослива за престој.

3. Каракас, Венецуела

Најопасните градови во светот

Главниот град на Венецуела, Каракас, има огромен процент на убиства кој достигнува и до 122 на секои 100.000 жители. Градот секојдневно е под притисок на картелите со дрога, уличните пресметки и вооружените грабежи. Жителите на овој град, како и посетителите, постојано мора да внимаваат, без разлика на областа од градот во која се движат. Доколку некогаш решите да го посетите Каракас, не правете го тоа сами и никако не излегувајте надвор без придружба.

4. Дистрито Сентрал, Хондурас

Најопасните градови во светот

И покрај тоа што ниту еден голем град не е имун на насилство, во Дистрито Сентрал има огромно ниво на насилство. Опасностите во овој град често се поврзуваат со екстремната сиромаштија, корупција на владата и големото присуство на мафијата. Токму ова насилство ги одбива сите туристи.

5. Тореон, Мексико

Најопасните градови во светот

И покрај тоа што Тореон е еден од најважните индустриски и економски центри во Мексико, тој исто така спаѓа и во најопасните градови ширум светот. Во овој град нема проблем со организиран криминал, ниту пак со продавање дрога, но тој сепак има висок процент на убиства, кој достигнува и до 87 на секои 100.000 жители во текот на една година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар