Најновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмерите

Најновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмерите

Неодамнешните истражувања ја откриле врската помеѓу луѓето кои играат видеоигри и нивниот сексуален живот. Имате некакви претпоставки? Доколку се сметате за гејмери, вдишете длабоко бидејќи имаме и добри и лоши вести.

Најновите истражувања откриваат интересни податоци за сексуалниот живот на гејмерите

Да почнеме со добрите вести. Добрите вести се дека доколку играте видеоигри, можете да издржите во кревет колку што сакате. Според истражувањето, кај гејмерите имало помалку случаи на предвремена ејакулација за разлика од луѓето кои не се љубители на видеоигрите. Тоа е супер! Сега имате научно докажани аргументи дека сте одлични љубовници.

Па, кои се лошите вести?

Според истражувањето, постои директна врска помеѓу времето поминато во гејмање и намалената сексуална желба. Со други зборови, мажите кои најмногу играле видеоигри биле помалку заинтересирани за секс. Сигурно мислевте дека важи спротивното, но кој може да и противречи на науката?!

„Мислам дека видеоигрите се слични на физичките вежби во овој случај. Повременото гејмање може да има корисно влијание, но кога границата помеѓу ’повременото гејмање’ и ’хроничното гејмање’ е премината, влијанието е негативно“, изјавил еден од авторите на истражувањето.

Една од теориите тврди дека кај момците кои многу играат видео игри доживуваат се лачи поголема количина на допамин што им помага да доживеат оргазам. Се претпоставува дека кај мажите се гради одредена толеранција на таквата стимулација и возбуда. Инстинктивната реакција на влијанието на допаминот е дека се работи за нешто вообичаено како што е гејмањето.

Што мислите вие на оваа тема? Се согласувате со овие откритија?

Во продолжение дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар