Најновата кукла Кен ќе биде многу модерна и ќе носи машка пунџичка!

Минатиот јануари производителите на најпознатата кукла Барби конечно пуштија во продажба барбики со различни облици на телото и боја на кожата за прв пат во 57 години. Оваа иницијатива беше одлично прифатена, бидејќи сликата за една барбика комплетно се промени и се срушија стереотипите дека таа треба да биде згодна, со светол тен на кожата и долга руса коса.

Најновата кукла Кен ќе биде многу модерна и ќе носи машка пунџичка!

Поведени од успехот на овие новитети, компанијата решила дека треба да се залага за полова рамноправност, па решила да ги испочитува и припадниците на машкиот пол со тоа што најавила 15 нови кукли Кен. Новите Кенови ќе претставуваат 3 различни облици на телото и ќе бидат слаби, широки или во оригинална големина, ќе имаат 7 различни тенови на кожата и 9 фризури, меѓу кои плетенки и секако машка пунџичка!

Најновата кукла Кен ќе биде многу модерна и ќе носи машка пунџичка!

На овој начин тие ќе опфатат повеќе типови мажи, без да промовираат еден единствен, а да ги дискриминираат сите останати. Мора да признаеме дека ова е одлична идеја, бидејќи децата ќе имаат можност да сфатат сите луѓе изгледаат различно и тоа е сосема во ред.

Не треба да се стремиме кон тоа да бидеме исти како и другите, бидејќи убавината на секој човек лежи во неговата уникатност, а најновата иницијатива на компанијата Мател го рекламира токму тоа!

Погледнете ја и оваа нова барбика чија цел е да испрати навистина инспиративна порака.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар