Најморничавите работи кои ги кажале децата додека спиеле

Најморничавите работи кои ги кажале децата додека спиеле

Родителите никогаш не испуштаат можност да се пофалат за работите кои ги кажало нивното дете. Но, сите тие сфаќаат дека децата не секогаш кажуваат слатки и интересни работи. Понекогаш знаат да кажат нешто кое е навистина застрашувачко. Постојат многу приказни за деца кои зборуваат во својот сон и притоа раскажуваат за луѓе кои не се таму, па дури и им се закануваат на родителите. Погледнете дел од најморничавите…

najmornichavite-raboti-koi-gi-kazhuvale-decata-dodeka-spiele-kafepauza.mk

„Последицата“ доаѓа од прозорецот

„Имам 3-годишна ќерка. Таа ми кажува дека некој црвен човек доаѓа во нејзината соба навечер преку прозорецот. Неговото име е „Последица“ и тој бил злобен кон неа. Таа вели дека ја повредувал и дека гледал во неа додека се криела под креветот. Навистина не знам од каде ѝ е материјалот за оваа приказна, а таа навистина верува во неа. Го заклучив прозорецот, ги спуштив завесите, сè со цел да ја убедам дека никој не влегува во нејзината соба. Понекогаш, наутро, таа ќе ми рече: ‘Не функционира мамо, Последицата повторно влезе низ прозорецот.’ Се надевам дека е фаза која ќе ѝ помине.“

Високите мажи шетаат

„Кога бев мал (3 до 5 години) месечарев, одев во собата на моите родители и стоев до нивниот кревет. Обично татко ми се будел и ме враќал во мојата соба. Јас сум му велел дека не можам да одам во мојот кревет бидејќи високите мажи шетаат. Ова прекина веднаш штом се преселивме. Подоцна, кога имав 15 години, бев во црква со моите родители и слушнав едно мало дете (околу 3 години) како ги прашува родителите: ‘Кои се оние луѓе?’ Родителите го прашаа за кои луѓе зборува и детето им одговори: ‘Високите луѓе до она дете’ и покажа кон мене. Неколку ноќи не спиев како што треба.“

Внатре беше темно и влажно

Кога ќерка ми имаше околу 3 години, таа имаше звучна машина која ѝ помагаше да спие. Најчесто ѝ пуштавме звук на море или на штурчиња. Една вечер пред да си легне таа си играла со машината, па кога ја вклучив беше наместена на звукот на биење на срце. Тогаш ќерка ми ме погледна и ми рече: ‘Не ми беше убаво во стомакот на мама. Беше темно и влажно и не сакам да се вратам таму, во ред?’“

Има човек во куќата

„Ќерка ми се разбудила порано, па гледаше телевизија додека јас се обидував да се разбудам. Малку пред тоа слушнав некаков звук доле, но претпоставив дека се кучињата. Тогаш ќерка ми се наведна над мене и ми рече: ‘Има човек во куќата.’ Веднаш станав, но не најдов ништо, а од неа не добив никакво објаснување.“

Момчето ме научи

„Едно утро мојата тогаш 3-годишна ќерка се симна доле и рече: ‘Гледај што можам да правам!’ и ги вкрсти очите. Ја прашав каде го научила тоа, а таа одговори: ‘Синоќа ме научи момчето.’ Ја прашав кое момче. Таа ми одговори: ‘Момчето со очилата. Многу се смееше.’ Не е многу страшно, нели? Но што ако ви кажам дека брат ми ме научи да ги вкрстувам очите кога имав 5 години? Тој почина кога имаше само 7 години.“

Не можеме да ја поканиме бидејќи е мртва

„Мојата ќерка ми кажа дека имала нова пријателка. Ја прашав како се вика и ми кажа дека нејзиното име е Кејси Џуниор. Кога ѝ реков да ја покани кај нас, ми рече дека не можела бидејќи е мртва. Подоцна истата вечер, откако ќерка ми си легна, слушнав зборување и смеење од нејзината соба. Само што сакав да ја отворам вратата слушнав ‘Не, Кејси, немој да ме скокоткаш!’ проследено со кикотење. Кога влегов во собата внатре беше само ќерка ми.“

Над тебе имаше дух без лице

„Неколку недели ја делев собата со мојот 4-годишен син. Тој еднаш ми рече: ‘Мамо, додека спиеше се разбудив и над тебе имаше дух без лице кој ти ја допираше раката. Ти ги земаше соништата од телото со неговата уста.’ Малку ме потсети на дементорите од Хари Потер, но тој никогаш ги нема гледано филмовите.“

Ќе ти биде жал

„Мојата сестра месечареше. Еднаш дојде во мојата соба и ме праша дали може да спие со мене. Јас играв видео игри и ѝ реков да се врати во нејзината соба. Таа ми рече ‘Ќе ти биде жал’ и излезе. Тогаш ја погледнав и сфатив дека месечари бидејќи очите ѝ беа затворени. Цела вечер не спиев и седев со запалено светло.“

Отвори ја вратата!

“Беше време за попладневната дремка на мојот 3-годишен син. Спиеше еден час, а потоа се разбуди и сакаше да ја отвори вратата од неговата соба. Ми рече: ‘Отвори ја вратата.’ Јас му реков да се врати во креветот, но тогаш слушнав некој морничав длабок глас кој рече: ‘Отвори ја вратата!’ Веднаш истрчав во неговата соба, а таму беше само син ми. До денес ме лазат морници кога ќе се сетам.“

Тие се насекаде

„Ова се неколку приказни кои моите родители ми ги имаат раскажувано за мене. Кога бев мала (3 до 6 години) имав проблеми со месечарење. Една вечер татко ми се разбудил, а јас сум стоела до него и сум го гледала, притоа повторувајќи: ‘Не сакам да го повредам’. Кога ме разбудил реков: ‘Тие се насекаде и налутени ти се.’ Друг пат татко ми се вратил од работа околу полноќ и влегол во мојата соба, а јас повторно сум месечарела. Имав играчка за магични трикови, и кога ме видел татко ми, сум изведувала трикови и сум ѝ се заблагодарувала на публиката.“

Зборување други јазици

„Мојот брат знаеше да заспие на скалите со вклучена сијалица. Еднаш додека спиеше се качив горе за да ги исклучам сијалиците. Тогаш брат ми кажа нешто во сонот кое звучеше како зборови, но не ги разбирав. Си помислив дека е обично зборување во сон, па го игнорирав. Но тогаш се исправи и ги повтори истите зборови гласно еден по еден. До денес сум убеден дека зборувал некој друг јазик.“

Таму ја ставиле рацете

„Кога сестра ми имаше околу 2 години, моите родители ја пронајдоа со главата помеѓу двете шипки на креветот. Беше чудно затоа што таа ниту плачеше, ниту беше исплашена. Кога ја прашаа како се заглавила таму, таа им одговори: ‘Рацете ме ставија тука.’ Куќата во која што живеевме беше постара од 200 години, што ја прави ситуацијата уште поморничава.

Човекот во црно

„Мојот син понекогаш се буди навечер и доаѓа во нашата соба бидејќи сè уште не е навикнат да спие сам. Сепак, едно утро не беше во нашиот кревет, и јас си помислив дека конечно го надминал стравот. Па со сопругата дури и го пофаливме бидејќи е големо момче кое може да спие само. Тогаш ни рече дека му било страв да влезе во нашата соба бидејќи на мојата страна од креветот седел човек облечен во црно.“

Прочитајте ги и приказните за најпознатите опседнати кукли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар