Најмистериозните тајни друштва во светот

Најмистериозните тајни друштва во светот

Според некои луѓе овие тајни друштва владеат со светот. Најпознати се Масоните и Илуминатите за кои се верува дека имаат свои луѓе на високи државни функции, во индустријата и банкарството. Во продолжение прочитајте и дознајте кои се тие тајни друштва кои според некои теории го контролираат светот од сенка…

Најмистериозните тајни друштва во светот

Масони

Ова друштво, со најдолга историја на постоење, барем онолку колку што е познато, сè уште постои. Масоните се познати по нивното тајно ракување и симболи, бизарни ритуали, и хиерархијата според која членовите достигнуваат одредени нивоа во зависност од искуството и придонесот кон друштвото.

Оригинално се основани како унија на работничките заедници и биле познати како слободни ѕидари, а првата ложа е формирана во Лондон во 1717 година. Меѓутоа, озборувањата за нивното постоење кружеле барем еден век пред нивното основање. Постојат многу модерни тајни друштва кои се реплика на масоните, барем кога се работи за поздравите, тајните кодови, приватните ритуали и комплексниот синџир на управување.

Се смета дека и во Македонија постои Голема масонска ложа, а за некои од српските масони се сметаат Вук Караџиќ, Доситеј Обрадовиќ и Михајло Пупин.

Илуминати

Ова здружение настанало кога група луѓе се одвоиле од масоните и оттогаш за нив постојат голем број шпекулации дека режирале многу катастрофи, мистерии и економски кризи. Не постојат никакви докази дека тие и понатаму постојат, но тоа ги прави само помистериозни и поинтересни за истражување.

Баварските илуминати се основани во 1776 година со цел да се спротивстават на празноверието, предрасудите, верското влијание на јавниот живот, злоупотребата на власта, но и како поддршка за образованието на жените и родовата рамноправност. За нив често се вели дека управуваат со светските случувања, со цел да создадат Нов светски поредок. Теоретичарите на завери тврдат дека многу значајни луѓе им припаѓале на илуминатите, а претседателите на САД се обично мета на таквите тврдења.

Череп и Коски

Ова е најмалото тајно друштво и е основано во 1832 година на Универзитетот Јејл. Негови членови се голем број државни службеници, најмалку три претседатели, но и луѓе од индустријата. Тие се состануваат два пати неделно со ритуали кои се многу слични на масонските. Но, според некои тврдења тие не се ништо друго освен славно братство на колеџ.

Розенкројцери

Ова друштво е основано во 15-тиот век од страна на Кристијан Розенкроц во Германија, а 2 века подоцна станале познати во светот. Постои тврдење дека тие всушност ги создале масоните, илуминатите и невидливото братство, и дека стојат зад секоја значајна револуција во светот. Познати се и како Братство на крстот на ружата.

Објавена е книга за нив без автор, а во неа е наведено дека нивниот основач патувал низ Африка и Блискиот Исток собирајќи знаење од областа на природните науки, древните мудрости и окултизмот, а кога се вратил во Германија основал друштво за да го пренесе своето знаење на одбран круг луѓе.

Најмистериозните тајни друштва во светот

Билдерберг

Оваа елитна група секоја година се собира на различно место во луксузни хотели и ресторани ширум светот. Поради тоа што овие состаноци се многу затворени, многумина тврдат дека тогаш се одредува судбината на целата планета. Иако тие не се тајно друштво, нивното влијание во светот е загрижувачко затоа што тие ги опфаќаат речиси сите влијателни компании во светот.

Протоколите на сионските мудреци

Во 1920 година Хенри Форд во неговите весници објавил повеќе статии кои содржеле руски документи под името „Протоколите на сионските мудреци“, но тие многу брзо биле повлечени под изговорот дека се работи за лажни документи. Станува збор за антисемитски памфлет кој ја опишува наводната еврејска и масонска завера да завладеат со светот.

Темплари

Тие се познати и како Ред на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, односно попознати под името Ред на витезите Темплари. Тие се основани на почетокот на 12-ти век. Многу брзо станале важен фактор на меѓународната политичка сцена во тој период.

Тие добиле одобрение од Папата да собираат данок во подрачјата кои биле под нивна контрола. Темпларите имаат голема улога во создавањето на ритуалите и основањето на различни гранки на модерните масони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар