Најлудите руски рекламни спотови

Најлудите руски рекламни спотови

Знаеме дека Јапонците се светски лидери во креирање луди реклами, но добро котираат и Русите. Погледнете и уверете се: 🙂Најлудите руски рекламни спотови

1. Пеколна верверица

Целта на оваа кампања, спонзорирана од руската влада, е борба против алкохолизмот. Насловена е „Пеколната верверица“ (Адская белочка) или во преносна смисла на зборот „делириум од алкохолизам“.


„Едно утро, бев во куса посета на пријател. Тој извика: ‘Blya, затвори ја вратата, ќе избегаат пајаците. Фати ги, ќе избегаат.’ И така скокавме од ѕид на ѕид, собирајќи пајаци. Не се смири, сè додека не ги собравме сите. И тогаш реков: ‘Ајде да одиме и да уловиме неколку kudyabliks (не е реален збор, во Русија можат да го разберат само пијаниците), ќе ги испржиме и ќе ги изедеме.’ И тој извика: ‘Сакам, јас сакам kudyabliks.’ И тогаш реков: ‘Кој е?’ …жена му стои таму… И тој рече: ‘Тоа е ѓаволот. Ќе го убијам и ќе празнуваме по тој повод.’ Од далеку, долго време, плови Реката Волга… Исправете се, доаѓа судијата. Се преплашивте? Доаѓам по вас…“

2. Жирафата Скитлс

Рекламите за бонбоните „Скитлс“ се луди насекаде во светот. Па, зошто Русија би била исклучок? 🙂


3. Ништо екстра…

Секси танчерки во реклама за гуми. Уште еден доказ дека сексапилот продава.


4. Злобна руска социјална сфера

Ако одлучите да му соопштите на мажот дека го напушатате додека сте во автомобил, а тој управува со него, не заборавајте да го ставите сигурносниот појас…

Жената: Сакам да ти кажам веќе извесно време… Имам… Одлучив да те напуштам. Одлуката е конечна. Не постои ништо што би можел да направиш или кажеш во врска со тоа.

И не преправај се дека не знаеш заради кого те напуштам… Знаеше цело време дека имам афера со него… Само одбиваше да поверуваш… Другар од детството! Пораснавме заедно.

Ќе го земам детето. И како што знаеш, откако ќе станам разведена мајка, која треба да се грижи за мало дете, секој судија ќе ми го додели апартманот мене.

Куќата на плажа, како што се сеќаваш е на мое име, така што, ќе ја задржам и неа. Сите потребни документи се подготвени.

И, тука е и автомобилот… Но, се надевам дека нема да си го бараш подарокот назад, нели?

Па?!… Кажи нешто!… Не ти треба ништо?!

Мажот: Имам сè што ми треба.

Жената: Навистина? И што е тоа, ако не ти пречи што прашувам?

Мажот: Сигурносниот појас.

Порака: Не заборавајте да го прицврстите сигурносниот појас. 🙂

5. Колбас

Ова е последната и најморбидна реклама на оваа куса листа…


„Еднаш ќе се сретнеме сигурно. Ќе се вљубиш во мене на прв поглед. И, се разбира, од тој момент ќе бидеме заедно. Ќе ме допираш со твоите елегантни прсти и ќе се споиме заедно во кохерентна целина. Ти, толку убава и модерна, а јас… колбас од Империјата од месо.“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Белая горячка Reply

    Во првата реклама со верверичката, последната реченица не е се преведува како ” се преплашивте , доагам каj вас” туку ” трескате идам и каj вас” Бухать е сленг збор за пие, бухаете – пиете, бухло- пиjалок, итд. Можеби сега има нови сленг зборови во МК за пиенjе, во моjата младост беше -трескане. :))))

Напиши одговор на Белая горячка Откажи одговор