Најголемиот метеор пронајден на земјата

Метеорот „Hoba“ се наоѓа на фармата „Hoba West“, недалеку од Грутфонтеин, град во областа Очозонџупа во Намбија. Тој е пронајден во 1920 година, кога фармерот Јакобус Херманус Бритс обработувајќи го своето земјиште, го заглавил плугот на него. Веднаш потоа метеорот бил целосно откопан, но бидејќи е тежок околу 60 тони, тој никогаш не бил преместен од наоѓалиштето. Тој не само што е најголемиот метеор кој е пронајден, туку претставува и најмасивно необработено парче метал на земјината површина.
Најголемиот метеор пронајден на земјатаНајголемиот метеор пронајден на земјатаСпоред проценките, тој паднал на земјата пред околу 80.000 години. Куриозитет е тоа што тој воопшто не направил видлив кратер во неговата околина. Се шпекулира дека навлегол во атмосферата на Земјата под многу остар агол, притоа се забавил и паднал на површината со мала брзина, со што не направил големо ископување. Тој е необичен бидејќи е рамен од двете најголеми страни, најверојатно поради фактот што отскокнувал од атмосферата, како што мазно камче отскокнува над вода.
Најголемиот метеор пронајден на земјатаНајголемиот метеор пронајден на земјатаМетеорот е со димензии 2,7х2,7 метри и е висок безмалку еден метар. Кога бил пронајден во 1920 година, неговата тежина била проценета на 66 тона, но ерозијата, земањето примероци за научни испитувања и вандализмот придонеле неговата маса да се намали. На неговата површина јасно се видливи знаци од вандализам.
Најголемиот метеор пронајден на земјатаВо обид да се стави под контрола вандализмот, метеорот бил прогласен за национален споменик во 1955 година.

Најголемиот метеор пронајден на земјата

Група од германски геолози во 1929 година

Најголемиот метеор пронајден на земјата

Посетител во 1955 година

Сепак вандализмот продолжил се до 1988 година, кога фондацијата „Rössing“ финансирала негова темелна реставрација и преземала мерки за негово заштитување и зачувување. Подоцна истата година, на местото бил отворен и туристички центар. Оттогаш за многу ниска цена, метеорот може да биде посетен, допрен, па дури можете и да се качите на него за да се сликате. Годишно тој е посетуван од илјадници луѓе.
Најголемиот метеор пронајден на земјатаНајголемиот метеор пронајден на земјатаНајголемиот метеор пронајден на земјата

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар