Најголемата причина зошто не треба да брзате да се вселите со вашиот партнер

Најголемата причина зошто не треба да брзате да се вселите со вашиот партнер

Научниците со години тврделе дека паровите кои живеат заедно пред брак имаат поголеми шанси за разведување од оние кои не живееле заедно. Но, во една нова студија која била објавена во „Journal of Marriage and Family“, тие го повлекуваат кажаното.

Најголемата причина зошто не треба да брзате за да се вселите со вашиот партнер

Изгледа дека заедничкото живеење не предизвикува развод и најверојатно никогаш нема ни да предизвика, вели Ариел Куперберг, асистент на професорот по социологија на Универзитетот Северна Каролина во Гринсбро.

Но, и покрај тоа, оваа студија открила дека помладите парови кои живеат заедно имаат поголема шанса за развод. Паровите кои се вселуваат пред 23-тата година изгледа дека немаат ветувачка иднина. Според истражувањето, колку подолго се чека за вселување (сѐ до 30-тата година), толку поуспешна ќе биде долгогодишната врска односно бракот.

Очигледно постојат и други причини, освен желбата паровите да бидат постојано заедно, зашто тие така прерано почнуваат да делат дом. Паровите кои помалку заработуваат, побрзо се вселуваат заедно најмногу поради желбата да ја делат киријата. Во овие ситуации, љубовта во најдобар случај доаѓа на второто место. Од друга страна пак, паровите кои се вселуваат поради непланирана бременост имаат најголеми шанси за развод во иднина.

Не брзајте, има време за сѐ. Секоја врска има свое темпо на развивање и обидете се да уживате во секоја од новите фази како што тие ќе доаѓаат. Живеењето заедно е еден од поголемите чекори за кои и двајцата треба да бидете подготвени за да го преземете.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар