Најдоброто истражување: Тестенините се одлични за слабеење

Речиси и да не постои човек кој не сака тестенини, но и покрај тоа, најпознатите диети вклучуваат исхрана со намалени јаглехидрати. Имајќи го тоа на ум, колку и да внимавате на исхраната, понекогаш тестенините се совршениот оброк за вас. Едно неодамнешно истражување покажало дека тестенините можеби и не се толку лоши за вашата линија како што претходно се мислело.

Најдоброто истражување: Тестенините се одлични за слабеење

За истражувањето спроведено од страна на Универзитетот во Торонто, истражувачите испитувале докази од 32 случајни истражувања во кои учествувале 2.488 луѓе. Испитаниците во просек јаделе тестенини 3,3 пати неделно наместо други јаглехидрати. Исто така тие биле на исхрана со низок гликемичен индекс. Храната со низок гликемичен индекс побавно се вари. Ова значи дека шеќерот во крвта се покачува побавно во споредба кога консумирате рафинирани јаглехидрати како ориз и бел леб. И тестенините имаат низок гликемичен индекс.

Резултатите покажале дека испитаниците не само што не ја покачиле својата тежина, туку во просек изгубиле околу половина килограм во наредните 12 недели.

Сепак, пред да се опуштите со тестенините, потребно е да знаете неколку клучни детали. Секоја порција на испитаниците била околу 70 храма зготвени тестенини, а истражувањето било фокусирано на исхраната со низок гликемичен индекс. Сепак, понекогаш и ова е доволно како изговор за вечера да ги приготвите омилените тестенини.

Погледнете и кои се најпопуларните диети и откријте која е вистинската за вас.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар