Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите

Сите сакаме добра љубовна приказна. Телевизиските серии и филмови се преполни со нив, но само мал дел можат да се наречат епска романса, посебни љубовни врски или страствени флертувања. Погледнете дел од најдобрите љубовни приказни кои во последнава декада сме имале можност да ги видиме на малите екрани…

1. Нејтан и Хејли – Три Хил

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСекогаш и засекогаш. Овие зборови ќе се поврзуваат со Хејли до крајот. „One Tree Hill“ беше во основата приказна за љубовта. Љубовта за кошарката. Љубовта за музиката. Љубовта за пријателите. Љубовта за фамилијата. И најважно од сè, за вистинската љубов помеѓу Нејтан Скот и Хејли Џејмс.

2. Кери и Фацата – Сексот и градот

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеКери имаше масовна парада на машки додворувачи, но оној на кој секогаш му се враќаше е Фацата. Тој беше, на многу начини, човечкото олицетворение на вистинската љубов на Кери, градот Њујорк.

3. Дерек и Мередит – Вовед во анатомија

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДо нивниот почеток тие поминаа бурен пат, но сепак кој може да одолее на куќа изградена од свеќи? И покрај тоа што не секогаш добро се согласуваа, Мер-Дер уште од самиот старт беа судени еден за друг.

4. Питер и Оливија – На работ

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеСправувајќи се со злобни двојници од друга димензија, променети временски линии кои целосно го избришаа неговото постоење и пат до иднината, Питер и Оливија во „Fringe“ секогаш успеваа да се пронајдат еден со друг. Станува збор за љубов која ги надминува сите познати физички закони во универзумот.

5. Маршал и Лили – Како ја запознав мајка ви

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДоколку можете да избирате да бидете пријатели со кој било ТВ пар, без сомнение ќе ги изберете овие двајца. Тие се доказ дека една здрава и функционална врска може да биде забавна. Нивната совршена смисла за хумор им помага да им е интересно еден со друг, како што би требало да му биде на секој добар пар.

6. Робин и Барни – Како ја запознав мајка ви

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеИ покрај многуте обиди да бидат само пријатели, тие постојано се навраќаа еден на друг. Брилијантната последна страна од книгата на игрите на Барни, наречена „The Robin“ конечно успеа да доведе до нешто подлабоко и посериозно помеѓу нив.

7. Чак и Блер – Озборувачка

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДали некогаш порано два лика биле толку совршени еден за друг? Ова подло дуо може да прави заговори и да манипулира со секој, а нивните психолошки игри беа како предигра до судената љубов.

8. Лукас и Пејтон – Три Хил

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОд моментот кога таа влезе во неговата кола во првата епизода, се роди наследството Лејтон. Потоа веќе никој и ништо не можеше да ги спречи. Всушност, тој дури напиша и книга, „The Comet“ во која ја опиша нивната бескрајна љубов.

9. Касл и Бекет – Касл

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериите4-годишните задевања помеѓу нив беа неодоливи и во тоа време тие станаа толку блиски што би направиле и би ризикувале сè еден за друг. За среќа, тие конечно се предадоа на своите чувства, бидејќи Бекет знае дека тој секогаш ќе биде тука за неа. Секогаш…

10. Бут и Бренан – Коски

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТие флертуваа со години сè додека конечно не потклекнаа на неизбежното, фрлајќи ја безбедноста низ „прозор“, имајќи заедно бебе и потоа учејќи како да живеат еден со друг. Тоа беше долг пат кој дефинитивно вредеше.

11. Сидни и Вон – Алијас

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНе беше лесно за овие два супер-шпиони да успеат со нивната врска, посебно покрај лошите родители, владините заговори, античките пророштва, нејзиното прогласување за мртва и неговото лажирање на смртта. Но, некако тие успеаа да поминат преку сè.

12. Сузан и Мајк – Очајни домаќинки

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеПриказната започна со обидот на Сузан да го освои „жешкиот“ водоводџија и ниту една пречка од сапуницата не беше во можност да ги раздели. Тие беа заедно, сè додека насилниот завршеток не ги „разнесе“ на сите страни.

13. Џулс и Грејсон – Градот на пумите

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНикој не очекуваше дека шоу наречено „Cougar Town“ може да еволуира во слатка и романтична комедија, но сепак ние успеавме да видиме како љубителката на вино Џулс и покрај сите негови маани успеа да го прифати Грејсон.

14. Лоис и Кларк – Смолвил

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОва е најголемата љубовна приказна во светот на стриповите, па кога Кларк се појави на малите екрани, беше само прашање на време до појавата на Лоис. Беше потребно долго време, но сепак приказната стигна до забавната гледна точка на двајца новинари кои се заљубуваат додека ги „бркаат“ своите вести.

15. Дејмон и Елена – Вампирски дневници

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеДа, Стефан е добриот тип, но приказната за Дејмон и Елена е многу поинтересна. Тој прв ја запозна, но беше приморан да ја заборави. Бидејќи нивната романса е забранета, тој постојано се однесува премногу кул за да се грижи за такви нешта, но ние знаеме дека тоа не е вистина. Нежната страна на Дејмон постојано надѕирнува и кога ќе се појави, ни покажува колку неверојатно сложена е нивната љубовна приказна.

16. Шон и Џулиет – Видовитиот

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеОваа љубовна приказна е повеќе за смирувањето на девојката отколку за што било друго, додека разиграната будалштина на Шон ја освои Џулиет која веќе не може да одолее на неговиот шарм.

17. Ленард и Пени – Теоријата за Биг Бенг

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеБубалицата ја освои згодната девојка отспротива. Сите неизбежни проблеми се таму, но тешкиот пат до среќата е она што ја прави оваа приказна толку добра.

18. Хаус и Кади – Доктор Хаус

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеЕдинствената жена која може да се справи со доктор Хаус е Кади. Тие имаа уникатен однос сè додека конечно не влегоа во љубовна врска. Но, за жал ни таа не можеше да се натпреварува со неговата прва љубов, Викодинот.

19. Овен и Кристина – Вовед во анатомија

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеНивната врска беше комплицирана и сурова сè додека се бореа да го надминат пострауматскиот стрес на Овен. Нивната приказна е прекрасно обликувана околу два сериозно скршени ликови кои се обидуваат, не успеваат и повторно се обидуваат да се спојат еден со друг.

20. Рејчел и Фин – Гли

Најдобрите љубовни приказни во ТВ сериитеТинејџерската романса е секогаш полна со драма и тоа дефинитивно е случај и со овие двајца кои мораа да поминат низ голем број  пречки и ликови кои се обидуваат да застанат помеѓу нив. Но и покрај лошото раскинување, сите ние знаеме дека тие на крајот повторно ќе бидат заедно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Душица Reply

    ги заборави шелдон и ејми… :)

    • Моника Трајковска Reply

      Јас искрено (и најмногу под влијание на последната епизода) сметам дека Шелдон и Ејми повеќе би одговарале на листата од најлудите, најоткачените и најнеобичните парови во ТВ сериите :)

  2. Име Reply

    Chuck – Blair <33333

  3. Cnow Reply

    Ги заборавивте и Khal Drogo i Khaleesi :)

    • Стоименов Reply

      Браво за тебе! Тука се наведени речиси само комедии. Нема ни една од типот на GOT.

  4. emeli Reply

    Никита и Мајкл од „Никита“ каде ги заборавивте? :)))

  5. Елена Reply

    Summer и Seth од The O.C. сте ги заборавиле!

  6. Friends Reply

    Ros i Rejcel – Friends

Остави коментар