Најдобрите летни карипски дестинации

Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.

Аруба

Најдобрите летни карипски дестинации

Ова е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.

Најдобрите летни карипски дестинации

Бонер

Најдобрите летни карипски дестинации

Ова мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.

Најдобрите летни карипски дестинации

Бахами

Најдобрите летни карипски дестинации

Бахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)

Најдобрите летни карипски дестинации

Пунта Кана, Доминиканска Република

Најдобрите летни карипски дестинации

Прекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.

Најдобрите летни карипски дестинации

Курасао

Најдобрите летни карипски дестинации

Можеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.

Најдобрите летни карипски дестинации

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар