Најдобрите книжарници во светот

Најдобрите книжарници во светот

За сите оние кои се заљубени во пишаниот збор, ги препорачуваме најдобрите места каде можат да се опуштат со книга во раце во несекојдневен, а истовремено пријатен амбиент.

1. Селексиз (Selexyz)

Доколку се наоѓате во Холандија, вреди да се посети една од најимпозантните книжарници во светот. Архитектите Меркс и Гирод, успеале Доминиканската црква стара 800 години, да ја претворат во вистинско место за сите обожаватели на книгата. Задржувајќи го стариот шарм на црквата, создале модерна книжарница која претставува една од најголемите ризници на книги на англиски јазик во Мастрихт, еден од најстарите градови во Холандија.

Најдобрите книжарници во светот

2. Книжарница Лело (Livraria Lello)

Книжарницата Лело се наоѓа во Порто, Португалија. Отворена во 1906 година, воодушевува со својот прекрасен амбиент декориран во готски стил. Прекрасните црвени скали поставени во центарот на книжарницата, го прават ова место да биде уникатно и задолжително да се посети.

Најдобрите книжарници во светот

3. Готви и читај (Cook & Book)

Книжарницата во Брисел е вистински спој на оние кои се страсни читатели, а истовремено ја сакаат храната. „Cook & Book“ е комплекс кој се состои од 9 помали книжарници и огромен ресторан под два крова. Интересно кај оваа книжарница е тоа што секој помал дел од неа си има своја тема како: патување, музика, уметност. Дополнително, во секоја од овие посебни книжарници ќе доживеете соодветно послужување на храната. Едно од нештата за кои вреди да се види оваа книжарница се и поставените „летечки книги“.

Најдобрите книжарници во светот

4. Атенаум (El Ateneo)

Замислете опуштено да читате во театарска ложа? Ова несекојдневно искуство ви го нуди книжарницата во Буенос Аирес, Аргентина. Прекрасниот некогашен театар кој остава без здив, денес е претворен во книжарница во која можете да направите кафе пауза на местото каде била некогашната сцена.

Најдобрите книжарници во светот

5. Детска република (Kid’s Republic)

Детската република во Кина е една од најмодерните книжарници за деца во светот. Обоена во боите на виножитото, им помага децата подобро да ја изразат својата креативност и имагинација. Во неа постојат посебни кружни места каде децата опуштено можат да прочитаат една од своите омилени бајки.

Најдобрите книжарници во светот

6. Шекспир и компанија (Shakespeare & Company)

Во градот на љубовта, Париз, можете да ја посетите книжарницата во која голем дел од своето време поминувале познатите писатели како Ернест Хемингвеј, Езра Понд, Ф.Скот Фицџералд. Доколку сте вљубеници во англиската литература, ова место нуди опуштена и топла атмосфера за своите читатели.

Најдобрите книжарници во светот

7. Американски центар на книгата (American Book Center)

Американскиот центар на книгата е втората најголема книжарница во светот која се наоѓа во Холандија. Со огромниот избор на книги што ги нуди, е вистински рај за сите љубители на читањето.

Најдобрите книжарници во светот

8. Книжарница Село (Livraria da Vila)

Оваа книжарница се наоѓа во Бразил, во градот Сао Паоло. Поставена на 2 нивоа со површина од 2.300 метри квадратни е карактеристична по пријатните и интересни катчиња за читање. За децата има дизајнирано посебна просторија каде можат да читаат и играат.

Најдобрите книжарници во светот

9. Книжен молец (Bookworm)

Книжарницата Букворм е вистински хит во Кина. Со 16.112 наслови на книги, ги примамува сите оние кои се заљубени во пишаниот збор. Освен добрата книга, таа претставува и место каде посетителите можат да испијат добро кафе, да се видат со некој од своите пријатели или едноставно да си проверат мејл. Магичната атмосфера на ентериерот ја надополнуваат „лебдечки свеќи“, кои придонесуваат просторот да биде попријатен за своите посетители.

Најдобрите книжарници во светот

10. Кафе-книжарница Нишало (Cafebreria El Pendulo)

Ова е уникатно место во Мексико Сити, нешто помеѓу бар, кафетерија и книжарница, каде често сакаат да доаѓаат вљубениците во културата и уметноста. Тоа е мал простор во кој има жива музика во периодот од 7.30 до 11.30. Ова е одлично место каде што можете да дојдете на парче торта, шолја капучино и да читате книга додека во позадина слушате музика во живо.

Најдобрите книжарници во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ane Reply

    Uf koga bi mozela site bi gi posetila, ama ako veke treba da biram togas bi otisla vo Cook & Book ili Livraria da Vila. 🙂

  2. BookWorm Reply

    Kolku bi bilo ubavo pokraj site muzei za holokaustot i vmro i spomenikot od car Samuil, da im teknesena nasive da izgradat i edna vakva ogromna biblioteka…ahhh wishes

    • Ane Reply

      Pa da ne mora da odime vo Portugalija, Holandija, Kina….. tuku sako da si trkneme do cenatrot na gradit i da si procitame nesto dobro 🙂 Navistina si vo pravo…

Напиши одговор на BookWorm Откажи одговор