Најдобрите цитати за почетокот на Нова годината

Најдобрите цитати за почетокот на Новата година

Со почетокот на секоја година ние имаме надеж за подобро утре, но и шанса да бидеме подобри личности. Иако сигурно ќе има многу предизвици со кои ќе треба да се соочите, овие цитати со сигурност ќе ви помогнат да издржите до крај. 2017-та беше полна со инспиративни настани и приказни, но 2018 ќе биде уште подобра!

„Зборовите од минатата година му припаѓаат на јазикот од минатата година, а зборовите од следната година чекаат нов глас.“ – Т. С. Елиот

„Денес е првата празна страница од книга со 365 страни. Напишете ја добро.“ – Бред Пејсли

„Да наздравиме за новата година и новата шанса да ги подобриме работите.“ – Опра Винфри

„Ќе ја отвориме книгата. Нејзините страници се празни. На нив самите ќе запишеме зборови. Оваа книга е наречена Можност, а првото поглавје е првиот ден од новата година.“ – Едит Лавџој Пирс

„Нека Новата година ви донесе храброст рано да ги исполните новогодишните одлуките! Мојот план е да се заколнам на секој вид доблест за да доживеам триумф кога нема да успеам.“ – Алистер Кроули

„Целта на Новата година не е тоа да имаме нова година. Целта е да имаме нова душа и нов нос, нови стапала, нов грб, нови уши и нови очи.“ – Г. К. Честертон

„Во Новата година не заборавајте да им се заблагодарите на минатите години бидејќи ви помогнале да го достигнете денешниот ден! Без скалите од минатото, не можете да пристигнете во иднината.“ – Мехмет Мурат Илдан

„Нека сите неуспеси од минатава година ви бидат најдобри водичи во новата.“ – Мехмет Мурат Илдан

„Драг свету, јас сум возбудена што живеам во тебе и благодарна сум за уште една нова година.“ – Шарлот Ериксон

„Нема ништо магично во превртувањето на календарот, но тоа преставува нов почеток, нова надеж и празно платно.“ – Џејсон Сороски

Погледнете ги и овие цитати кои ќе ви помогнат оваа година да ви биде најдобра до сега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар