Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

Спас во последен момент! Погледнете ги најдобрите дестинации за дочек на новата година доколку во овој момент сте одлучиле да ги пакувате вашите куфери. Новата година е на само неколку дена од нас, па доколку сакате да ја дочекате во друг град, погледнете ги следниве 5 дестинации каде без сомнение би си поминале најдобро.

Најдобрите 5 европски дестинации за дочек на новата година

1. Амстердам

Во Холандија, новата година се дочекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел се отвораат токму на полноќ.

2. Барселона

Типично во шпански стил, новогодишната прослава во Барселона почнува подоцна одошто би очекувале. Тие имаат традиција на полноќ да изедат 12 зрна грозје, а потоа да почнат вистински да се забавуваат. Вие можете да посетите кафуле или бар, па дури и некоја од локалните плажи за незаборавно искуство. Зарем има подобар начин да ја дочекате новата година од изгрејсонце на плажа?

3. Берлин

Берлинците имаат посебна страст кога се работи за петарди и ракети кои често ги лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја дочекуваат новата година на отворено со цел да можат да уживаат во огнометот ширум градот.

4. Будимпешта

Атмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја дочекаат новата година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна започнува да свири и насекаде се точи шампањ, се прават здравици, луѓето се бакнуваат и потоа уживаат во огнометот.

5. Истанбул

На кое друго место во светот би можеле да ја дочекате новата година на два континента… истовремено? Без разлика дали прославувате на европската или азиската страна, вие ќе си поминете феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар