Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики

Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики

Нормално е по долго носење, внатрешноста на патиките да добие непријатен мирис. Тоа особено често се случува ако сте активни или ако поголемиот дел од времето го поминувате во патиките каде вашите нозе се потат. Па, доколку сакате лесно да се справите со овој проблем, погледнете го овој едноставен трик…

Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики

Не е тајна дека нозете силно се потат во патики. Токму затоа и различни видови бактерии се насобираат во нивната внатрешност кои на крај предизвикуваат непријатна миризба. Најлесниот начин да се справите брзо и ефикасно со овие бактерии е со помош на песокот за мачки.

Во две чорапи ставете по една рака од овој песок и врзете ги за да не се истури во вашите патики. Потоа поставете по една чорапа во секоја патика и оставете ги да стојат во нив цела ноќ. Песокот од мачките е одличен бидејќи ја впива влагата и миризбата, многу е поевтин од другите пудри и средства за отстранување миризба и можете да го пронајдете во сите видови продавници за животни.

Ако сте вешти со игла и конец, со помош на мало парче материјал, направете мало џепче коe ќе го зашиете внатре во патиките, на место каде нема да ви пречи и ставете во него песок за мачки. На овој начин вашите патики нема воопшто да добиваат непријатна миризба додека ги носите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Kostas Reply

    Najubavo e da ne kupuvate kinski patiki so brendirano znakce tuku cisto kozni cevli od MK proizvotstvo i pamucni corapi od MK proizvotstvo

  2. natasha Reply

    Slobodno mesto vo patika ? Stikla

Напиши одговор на Kostas Откажи одговор