Најдобриот совет за хомофобичните родители

Ејми Дикинсон пишува колумни за Вашингтон Пост во кои дава совети за проблемите за кои ѝ се обраќаат нејзините читатели. Неодамна таа добила писмо од мајка која била загрижена дека нејзиниот 17-годишен син нема да престане да биде геј и дека се плаши од потсмевот што ќе го добие од црквата во којашто оди. Дополнително, таа смета дека тоа е само инатење од негова страна за да ѝ врати на мајка си што го заборавала неговиот роденден во последните 3 години. Во своја одбрана таа додала дека има густ работен распоред.

Најдобриот совет за хомофобичните родители

Ејми Дикинсон

 
Нејзиниот одговор следува во целост:

ДРАГА ИЗНЕВЕРЕНА: Можеш да му одржиш важна лекција на твојот син, така што ќе ја смениш својата сексуалност и ќе му покажеш колку е тоа лесно. Обиди се да биде така околу една година. Престани да си хетеросексуална за да му покажеш на синот дека сексуалната ориентација на една личност е прашање на избор – избор кој го диктира родителот, двајцата родители, црквата и притисокот од општеството.

Претпоставувам дека мојот предлог ќе предизвика реакција кај тебе и би рекла дека твојата сексуалност е во основата на она што си. Истото важи и за твојот син. Тој има право да биде прифатен од своите родители токму таков каков што е.

Кога ќе го заборавиш роденденот на твоето дете, исто како да го негираш како личност. Исто како да велиш дека си го заборавила неговото постоење на овој свет. Тоа е многу тажно за него.

Да го тераш син ти да ја промени својата сексуалност е погрешно. Ако не можеш да научиш да го прифатиш, можеби е најбезбедно за него да си замине на друго место.

Група која може да ти помогне тебе и на твоето семејство за да научите како да живеете со ова е Pflag.org. Оваа организација е основана за родители, семејства, пријатели и блиски на ЛГБТ-луѓе и им има помогнато на неброени семејства да го пребродат предизвикот. Те молам, обрати се до нивното локално членство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар