Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

Ако чувствувате дека сте под стрес, можеби е добра идеја да се видите со вашиот најдобар пријател. Според едно ново истражување спроведено на деца, дојдено е до констатација дека присуството на најдобриот пријател, може да го намали нашето ниво на стрес.

Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

 

„Интересно е тоа што истражувањето покажа дека стресот не може да го намали кој било другар, туку само најдобриот другар“ – вели Рајан Адамс, водечкиот автор на студијата и асистент по педијатрија на Детскиот Медицинскиот Центар во Синсинати.

На 100 деца на возраст од 10 до 12 години, им било кажано да запишуваат во дневник како се чувствуваат во врска со нешто што го искусиле во текот на изминатите 20 минути, пет пати на ден, во текот на 4 школски денови. Воедно им било кажано да запишат, дали во тој момент биле сами или со родителите, со роднини, со најдоброто другарче, со некој другар или другарка, со соученик, странец, професор или некоја друга личност. Децата давале и примерок од нивната плунка, за да може да се измери нивното ниво на „хормонот на стресот“ кортизол.

Најдобриот пријател ни помага да се ослободиме од стресот

Истражувачите откриле дека присуството на најдобриот пријател најмногу ги ублажува телесните ефекти предизвикани од негативните искуства, бидејќи во негово/нејзино присуство децата имале помало ниво на кортизол. Кога немале до себе пријател, а биле под стрес, нивното ниво на кортизол било покачено. И покрај тоа што истражувањето е спроведено на деца, експертите велат дека добиените резултати би требало да се однесуваат и на возрасните.

Д-р Керен Мејџорс, едукативен психолог во Образовниот Психолошки Сервис во општината Баркинг и Дагенхем вели:

„Најблиските другари на децата може да бидат проблематични и да ги одведат на погрешен пат, но тие можат да имаат и неверојатно позитивно влијание врз нив и да им ја дадат својата поддршка. Пријателите имаат навистина важна улога во нашиот социјален и емотивен живот. Упатени се во него и ни помагаат и нè расположуваат со нивното присуство. На пример, едно претходно истражување покажа дека ако се запишете во училиште заедно со вашите пријатели, имате поголеми шанси да стекнете нови.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар