Најдобрата кампања против силување во Индија

Во последно време, вината кај жртвите на силување сè повеќе се префрла на самите жртви. Се слушаат обвинувања како „Сама си го барала“, Да не сакала да биде силувана немало да се облече толку провокативно“ и многу други, кои целосно го одвлекуваат вниманието од личноста која е навистина виновна за силувањето.

Најдобрата кампања против силување во Индија

Но, конечно се појави нова надеж. „The Times of India“ спровеле огромна кампања со која се обидуваат повторно да ја вратат вината онаму каде што припаѓа – кај силувачот. Оваа кампања била инспирирана од серијата насилни силувања во Индија. И покрај тоа што нема да може да го реши овој проблем, сепак има позитивно влијание на жените на кои им покажува дека постојат луѓе кои ги сфаќаат и кои ги поддржуваат.

Најдобрата кампања против силување во Индија

Што е дефиниција за мажественост?

Дали е стомачни мускули, гел во косата и бицепси?

Дали е безброј часови поминати во теретана?

Дали е брзо возење и пијани тепачки?

Дали е влакненца кои ѕиркаат од откопчана кошула?

Дефиницијата за мажественоста не се сантиметрите во вашите пантолони.

Туку просторот помеѓу вашите уши.

Начинот на кој размислувате определува колку сте мажествени.

Вистинскиот тест за вашата мажественост е во начинот на кој третирате жена.

Сите жени. Која било жена. Секоја жена.

Ако не ги почитувате жените, вие сте само пола маж.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар