Најдебелиот мачор во светот

Најдебелиот мачор во светот

Белиот мачор Мјау, најверојатно е најдебелиот мачор кој некогаш сте го виделе. Верувале или не, тој тежи нешто повеќе од 18 килограми. Неговиот поранешен сопственик има 87 години и бидејќи не можел повеќе да се грижи за него, го оставил во прифатилиште за животни во Санта Фе. Таму ветеринарите ќе се обидат да го вратат во форма и да му најдат нов сопственик. Мачорот ќе мора да смали најмалку 5 килограми за да може да му се најде нов сопственик.Најдебелиот мачор во светот

„Мачорот е многу дебел, но е многу сладок и сака да се гали. Тоа веднаш се забележува.“ – вели еден од вработените во прифатилиштето.

Мјау кој е стар само 2 години, моментално не може да си игра ниту пак го собира низ специјалните отвори на вратите за мачки. Тој цело време само лежи. За вработените во прифатилиштето сè уште е енигма со што го хранел претходниот сопственик, за да го доведе во оваа положба.Најдебелиот мачор во светот Токму затоа во наредниот период Мјау ќе биде на ригорозна диета и на специјална фитнес-програма, за повторно да се врати во форма.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    zlatoo <3

Остави коментар