Најчудните велигденски традиции ширум светот

Автор: Ивана Грујоска

Во Македонија, традиционалното празнување на Велигден изгледа отприлика вака: рано утрото на Велики четврток се бојадисуваат јајца во црвена боја. Првото бојадисано јајце е наменето за Господ Бог и се покажува на семејството, а членовите на семејството го дочекуваат со зборовите „добре дојде“. На најмалите дечиња три пати им се врти со јајцето околу лицето велејќи им „црвено, бело, дебело“ за да бидат здрави и силни. Потоа, јајцето се завиткува во црвено крпче и се остава на видно место на прозорецот или на терасата од домот. Се верува дека тоа јајце штити од громови и зли сили. На Велигден, обичај е луѓето да се кршат со јајца, а победникот си го зема јајцето на тој што го скршил.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

Меѓутоа, гледано во светски размери, ние сме доста конзервативни во празнувањето на Велигден. Откривме 10 најчудни традиции на празнување што се применуваат ширум светот. За некои можеби сте слушнале, некои можеби ќе ве зачудат или пак ќе ве насмеат. Како и да е, еве на што наидовме.

1. Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти. Овој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина. Секако, жените и девојките можеби мислат поинаку. :)

Најчудните велигденски традиции ширум светот

2. Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

3. Остатоците од Божиќ им предизвикуваат забава на Германците за време на Велигден. Остатоци од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

4. Веројатно сте виделе чоколадни јајца и зајаци, но дали сте виделе чоколаден билби? Билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

5. Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

6. Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

7. Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

8. Оваа полска традиција несомнено ја започнал некој маж. Традицијата вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите. :)

Најчудните велигденски традиции ширум светот

9. На Финска можеби ѝ треба потсетник дека е Велигден, а не ноќта на вештерките. Децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

10. Ние ги јадеме Велигденските јајца, а Англичаните ги тркалаат. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.

Најчудните велигденски традиции ширум светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар