Најчудните производи за 2011 година

Во денешниот свет, парите ги контролираат сите нешта, па така голем број производители се обидуваат на секаков начин да дојдат до нив. Како и секоја друга година, така и оваа имавме можност да читаме за многу чудни изуми кои се нашле на пазарот. Ова се најчудните 4 производи за изминатата 2011 година.
.

Конзервиран мирис на штала

Ова е дело на еден германски производител. Производот наречен „Stallduft“ (мирис на штала) им нуди единствена можност на купувачите, со себе да си понесат мал дел од миризбата на германските штали.
Најчудните производи за 2011 година

Сладолед од мајчино млеко

Слаткарницата „The Icecreamists“ оваа година го лансираше сладоледот направен од мајчино млеко, познат под името Baby Gaga. Овој производ многу брзо се најде на менито на многумина, па дури и на пејачката Лејди Гага, на која не ù се допадна името.Најчудните производи за 2011 година

Презервативи со кралското семејство на обвивката

„Легнете и мислете на Англија“ – ова е паролата испишана на амбалажата на овие презервативи на која се наоѓа и младата кралска двојка, Кејт и принцот Вилијам. Производот е наречен „Crown Jewels“.Најчудните производи за 2011 година

Златно сирење

Една британска компанија за производство на сирење, во чест на божиќните празници додала малку злато во сирењето кое чинело 100 долари за едно мало парче. Производот е наречен „Stilton“.Најчудните производи за 2011 година
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар