Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Секој од нас некогаш се нашол во непријатна ситуација. Отворениот патент, лошиот здив и слични на нив ситуации се едни од најзасрамувачките моменти кои сите ние барем еднаш сме ги доживеале. Дознајте кои се најчестите засрамувачки ситуации и како колегите реагираат на нив. Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Имате нешто во носот

Ако почувствувате дека нешто ве скокотка во носот, нормално е да проверите што е тоа. Само 33% од колегите би се осмелиле да му кажат на својот надреден дека нешто ѕирка од неговиот нос. 50% би му го кажале тоа на соработник со кој се на исто ниво, додека 46% ќе му го кажат истото на колега на пониско ниво.

Отворен патент

Оваа ситуација може да биде засрамувачка не само за оној кој заборавил на својот патент, туку и за оној чиј поглед заталкал и го забележал отворениот патент. Според спроведените анкети, 67% од колегите би ви кажале дека патентот ви е отворен. 62% би посочиле кон отворениот патент на колега од пониско ниво, а 50% би го направиле истото на колега од повисок ранг. Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Несредена коса

Во последно време во тренд е косата да ви биде по малку бушава, затоа размислете пред да го предупредите колегата да се исчешла. Ако сте на висока позиција, нема да добиете многу критики околу неуредната фризура затоа што само 13% од колегите би се осмелиле да ве критикуваат. 30% ќе му го посочат тоа на соработник од исто ниво, а 33% на колега од понизок ранг.

Храна меѓу забите или на лицето

На сите ни се случило да забележиме кечап околу устата или парче спанаќ помеѓу забите дури откако ќе се погледнеме во огледало, неколку часа после оброкот. И тогаш следува прашањето: Зошто никој не ни кажал? 66% од колегите би ви кажале. Половина од нив би му кажале на својот надреден, а 60% би го опоменале својот подреден. Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Дамка на облеката

Повеќето луѓе сами ги забележуваат дамките на облеката, но и вашите колеги нема да пропуштат да ги истакнат. Половина од соработниците сигурно би ви укажале на дамките. 47% ќе ги искоментираат дамките на колегите од пониско ниво, додека 34% ќе ги искоментираат дамките на колегите од повисоко ниво.

Лош здив

Сите четки и пасти за заби на светот не можат да ви помогнат во борбата против лошиот здив, посебно ако сте имале бурна ноќ. Да укажете некому дека има лош здив е специфична работа, па затоа само една третина од колегите би се осмелиле на таков чекор. 29% би му укажале на лошиот здив на колега од понизок ранг, а само 14% имаат храброст да го искоментираат здивот на колеги од повисоко ниво. Најчестите засрамувачки ситуации на работа

Не сте соодветно облечени

Дали вашата облека е премногу секси, прекратка, претесна или секојдневна, е нешто што само 10% од вработените би му кажале на колега кој е на повисоко ниво од нив. Наспроти ова, 37% ќе ја искритикуваат облеката на колега кој е на исто ниво, а 32% своите забелешки за облеката ќе му ги кажат на колега кој е на пониско ниво од нив.

Ви треба вода и сапун

Кога работата буквално смрди, постои културен начин да го известите колегата, без тоа да биде сфатено како навреда. Само 28% од вработените би му препорачале туш на колегата од исто или пониско ниво. Истото тоа би го направиле 11% ако колегата е од повисок ранг. Најчестите засрамувачки ситуации на работа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар