Најатрактивната карактеристика на женското лице

Според едно ново истражување, усните се најатрактивната карактеристика на женското лице. Во просек, за време на запознавањето, на мажите им требаат помалку од 10 секунди за да погледнат во женските усни, и да ги анализираат. Тие се уште повпечатливи ако носат кармин кој дополнително го привлекува вниманието на мажите.

Beautiful woman with professional makeup and hair

Според резултатите, мажите се фиксирале на розовиот кармин за 6,7 секунди од првото здогледување и 7,3 секунди на црвениот кармин. Кога жените носеле кармин, мажите посветувале само 0,95 секунди за набљудување на очите и 0,85 секунди за набљудување на косата. Природно, пополните усни подолго го задржувале машкото око.

Оваа студија била спроведена на Универзитетот Манчестер, каде што биле вклучени 50 мажи што набљудувале фотографии од различни жени. Тие им биле покажувани со и без кармин. Д-р Џеф Бити, водечкиот автор на студијата, вели:

„Оваа студија покажува дека усните претставуваат еден од најсензуалните аспекти на женското тело и играат клучна улога во човечкото сексуално привлекување.“

Полните и црвени усни, во комбинација со идеалното држење (малку напрчени усни), успеваат значително подолго да го задржат машкото внимание од останатите. Оваа разлика е уште поголема во однос на оние што воопшто не користат кармин.

Со векови наназад жените ги боеле своите усни црвени за да ја нагласат нивната привлечност. Оваа навика датира од античките Египќани кои најчесто користеле црвен кармин и руж за зголемување на својата привлечност.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар