Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

Кога ќе се вратите дома после напорниот работен ден, ќе се облечете во вашата најудобна облека и ќе седнете да гледате телевизија, забележете ја положбата во која седите. Експертот за говорот на телото, Роберт Фипс, вели дека несвесниот избор на омилената положба на седење на каучот или фотелјата кажува многу за нас и нашиот карактер. Дека тоа е навистина така покажува и истражувањето од една британска компанија за мебел која направила испитувања на 2.000 возрасни луѓе. Покрај прашањата за работата и приватниот живот, било ставено и прашањето во која положба најчесто седите кога сте опуштени. Резултатите биле доста интересни.

Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

Исправен грб со стапалата на подот

Оние кои седат во оваа формална положба се секогаш внимателни и потешко се опуштаат. Ја избираат луѓето кои сакаат да играат на сигурно и не мислат дека се многу добри на работното место, но сепак се кариеристи. Меѓу другото, тие се задоволни од својата љубовна врска, и од животот воопшто.

Турско седење

Според Фипс, оваа поза е карактеристична за активните, здрави и витки луѓе кои имаат добар љубовен и сексуален живот. Не заработуваат многу, но се меѓу оние кои се најзадоволни од својата работа.

Свиткани колена со стапалата на мебелот

Иако оваа положба често се поврзува со анксиозноста бидејќи наликува на положбата на фетусот, истражувањето покажало дека неа всушност ја практикуваат луѓето кои лесно се справуваат со стресот, ја сакаат својата работа, се друштвени и задоволни од својот љубовен живот.

Прекрстени нозе

Според Фипс, луѓето кои седат со прекрстени нозе сакаат да се опуштат, но никогаш не го спуштаат гардот. Имаат добра концентрација, самоконтрола и заработка и покрај тоа што не уживаат во својата работа. Го сакаат своето семејство и местото на живеење.

На средината на каучот со раширени нозе

Оваа положба ја практикуваат луѓето кои се талентирани и го живеат животот до максимум. Сакаат да работат и одлично заработуваат, иако не се целосно задоволни од својата кариера. Но, повеќе од другите сакаат да го подобрат својот љубовен живот.

На наслонот за раце

Многу луѓе имаат обичај да седнат на наслонот за раце од мебелот и изгледаат како да сакаат да станат во секој момент. Тие така и се чувствуваат. Оваа положба најмногу ја избираат зафатените луѓе, оние кои се под стрес и кои немаат време да се опуштат.

Лежење како во кревет

Иако каучот и фотелјата не се кревети, луѓето кои така ги користат со телото кажуваат дека не ја сакаат својата работа и телесно бараат положба во која најдобро можат да се опуштат. Сепак, себеси се сметаат за релативно успешни личности кои добро заработуваат. Често земаат храна за носење, имаат многу пријатели, не трчаат по партнерот по секоја цена, но не се толку задоволни од љубовниот живот бидејќи сметаат дека е сиромашен и дека можат подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар