Начинот на кој стискате тупаница открива скриена страна од вашиот карактер

Начинот на кој стискате тупаница открива скриена страна од вашиот карактер

Говорот на телото, односно нашите гестови, движења и изрази на лицето може да откријат многу работи за нашиот карактер. Дали сте знаеле дека токму со начинот на кој стискате тупаница можете да откриете нешто повеќе за себе или пак, за некој друг? Епа ајде, стиснете ја дланката без да размислувате и погледнете како ги поставивте прстите, а потоа изберете ја фотографијата на која е прикажана вашата тупаница.

1-nachinot-na-koj-stiskate-tupanica-otkriva-skriena-strana-od-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Тупаница под број 1: Вие сте „непоправливи“ алтруисти

2-nachinot-na-koj-stiskate-tupanica-otkriva-skriena-strana-od-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Им помагате на другите луѓе дури и ако тоа ви создава проблеми. Постојано барате нови знаења и искуства. Многу сте енергични и помалку нестрпливи. Сите ве доживуваат како авантурист и силна личност, но тешко сфаќаат дека понекогаш навистина ви е потребна помош и заштита.

Со оглед на тоа дека помагањето на другите го сфаќате како ваша мисија на овој свет, тие честопати ја искористуваат вашата добрина, но вие и понатаму барате нивно признавање за сопствената вредност. Благодарение на вашата внатрешна сила и алтруизам никогаш нема да се откажете од луѓето. И понатаму бранете ги и штитете ги оние на кои тоа им е потребно, но со малку повеќе внимание.

Тупаница под број 2: Вие сте многу креативни

3-nachinot-na-koj-stiskate-tupanica-otkriva-skriena-strana-od-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Вие сте отворена и самоуверена личност што привлекува разни профили на луѓе. Вашите пријатели ве сакаат заради вашата искреност и остроумност. Ве краси радоста и брзината заради која сте главниот организатор на заедничките дружења во кругот на вашите пријатели, а исто така сте и добар лидер кога е работата во прашање.

Сепак, стравот од неуспехот ве кочи во донесувањето храбри одлуки. Сакате кога другите луѓе ќе ве пофалат, но ако никој не ги пофали вашите достигнувања вие нема заради тоа да престанете да верувате во себе. На крај, можеби сте и опкружени со луѓе кои се љубоморни на вашиот успех.

Тупаница под број 3: Вие сте неодоливо шармантни

4-nachinot-na-koj-stiskate-tupanica-otkriva-skriena-strana-od-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk_

Духовити сте, досетливи и елоквентни, но и срамежливи па затоа останатите квалитети најчесто не доаѓаат до целосно изразување. Поради тоа многу луѓе ве сметаат за молчеливи и непристапни. Ако се ослободите барем од едно делче од срамежливоста, на вашиот вроден шарм никој не би можел да му одолее. Многу сте педантни и понекогаш сте престроги кон себе, па можете да се чувствувате лошо.

Имате визија и ништо не може да го наруши вашиот внатрешен мир. Вашите пријатели и семејството со вас се чувствуваат доста удобно и опуштено. Понекогаш се чувствувате многу тажно, бидејќи се плашите дека нема да пронајдете сродна душа или дека нема да се вклопите во новата работна средина. Но, немојте да го земате тоа при срце, бидејќи само треба да станете пофлексибилни и поотворени кон другите и луѓето кои се плашеле од вас ќе ви пријдат со желба да ве запознаат подобро.

А, кога сме веќе кај рацете, тогаш ве предизвикуваме да го погледнете вашиот мал прст и да дознаете какви сте во љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар