Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Кога бараме природен и бескраен извор на среќа и задоволство, тогаш природата е изборот за кој не ни треба рецепт. Околината која нѐ опкружува е исполнета со сила и поврзаност и секој треба да знае дека убавината која доаѓа од звуците на водните површини, од птиците, од сонцето и ветрот во косата, колку и да звучи клише, не треба да се зема здраво за готово.

Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Природата нѐ учи како да ги промениме нашите негативни мисли во позитивни, бидејќи и самата таа постојано се менува. Исто како што облаците можат да исчезнат од небото, така и нашите негативни мисли можат бидат избришани од нашата глава.

Бесплатен ресурс на среќа

Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Многу луѓе кои делат некој посебен однос со природата велат дека пронашле некоја сопствена верзија на среќата која ги прави да се чувствуваат длабоко поврзани со самите себеси. Тоа чувство го опишуваат како садењето семе: Корените ја впиваат хранливата и богата земја и тоа им ја дава основата да се чувствуваат безбедно и среќно. Тие забележале дека со нивните зафатени животи, работата и секојдневните обврски и одговорности им било потешко да одвојат време и да уживаат во сонцето или да прошетаат во паркот, да планинарат или да одат на плажа. Но, и покрај тоа, тие се обиделе да ја стават природата на нивната листа со дневни приоритети бидејќи таа им овозможува да ја почувствуваат личната среќа.

Слушањето музика во комбинација со природните пејзажи

Начинот на кој природата нè учи да имаме посреќен живот

Музиката и мелодиите кои ви се допаѓаат, во комбинација со мирот, тишината и статичноста на природата, ветуваат едно неверојатно искуство. Кога ќе ги увидиме ефектите на ова моќно дуо ќе заклучиме дека пејзажите кои смируваат и звуците на светот околу нас заедно со омилените песни треба да станат наше секојдневие.

Како природата нѐ учи на посреќен живот?

Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Преку чувствата: Со самото тоа што сме дел од неа, природата нè учи да се поврземе со нашите чувства. Кога сме затворени во еден простор, нашите мисли се поограничени, но кога сме надвор тогаш можеме подетално да ги почувствуваме сензациите кои нè поврзуваат со животот. Сонцето ни дава сила и светлина, што нè прави свесни за причината зошто се чувствуваме среќни и задоволни. Студот може да ни ги врати сеќавањата кои се посериозни и потешки. Кога ќе започнеме да ги поврзуваме емоциите со она што ни се случува во животот тогаш ќе бидеме на вистинскиот пат кон среќата.

Преку набљудувањето: Потребно е да поминуваме повеќе време во природата за да бидеме посвесни за светот околу нас. Да ги набљудуваме објектите во природата и да се фокусираме на нив. Кога ќе погледнеме во едно дрво полно со лисја, различните бои и детали ќе нè опуштат и ќе можеме да се концентрираме на нешто поинакво и попозитивно отколку на нашите проблеми и несигурности. Ова е една од фундаменталните алатки за зголемување на среќата.

Начинот на кој природата нѐ учи да имаме посреќен живот

Знаеме дека е тешко да се поминува време во природата. Сите работиме и имаме семејства и обврски кои треба да ги исполнуваме секој ден. Но, ако сме одлучни и сакаме да ги исполниме своите цели и да се посветиме на среќата, важно е да додадеме и малку природа во нашиот живот. Не треба да забораваме да бидеме свесни за убавината околу нас. Таа постои таму надвор, бесплатна е и е еден од нашите највредни дарови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар