На убавите жени не им е толку лесно колку што мислиме

Сите знаеме за некој пример во кој некоја убава девојка или жена ги добива работите на полесен начин поради тоа што нејзиниот изглед е таков што таа е привлечна според општо прифатените правила за убавина. И затоа сите мислиме дека ним сè им оди од рака само затоа што се убави. Сепак, има и случаи во кои ним им е потешко отколку на другите, главно поради перцепцијата која околината ја има за нивниот изглед.

На убавите жени не им е толку лесно колку што мислиме

Останатите сметаат дека тие не се секогаш спремни да им помогнат на другите. Иако тоа е стереотип кој не може да му се припише секому, постои едно истражување според кое атрактивните жени повеќе се грижат за сопствената појава, па откако ќе го решат тој проблем се впуштаат во помош на нечии туѓи проблеми.

Нивното присуство прави другите да се чувствуваат полошо за себе. Испитаничките од друга студија покажале дека жените преферираат да бидат во друштво на други жени кои според нивното видување се исто или помалку привлечни од нив. Тоа, едноставно, прави да се чувствуваат подобро во своето тело. Една друга студија дури покажала дека менаџерите за човечки ресурси кои ги прават интервјуата за работа имаат одредени предрасуди спрема оние кои ги гледаат како поубави од нив.

Оние кои се сметаат за просечно убави имаат одредени предрасуди кон убавите жени. Според едно истражување на група германски психолози, испитаниците-хетеросексуалци во најголем број случаи сметале дека успехот на убавите луѓе е резултат на нивниот изглед, а оној на неубавите на нивниот талент.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар